Бјарк Инглес е архитектот кој стои позади започнувањето на финансирање на проект за развој на оџак на електрана која ќе произведува пареа во вид на прстен.
Заедно со неговиот партнер Џејкоб Ланге тие ја покануваат јавноста да „создадат историја преку финансирање на најновиот прототип за да го создадат првиот генератор кој ќе произведува пареа во вид на прстен“.
Прстените ќе излегуваат од оџакот на врвот на електраната во Копенхаген, која ќе има и скијачка патека на покривот.
Дизајнирана за да го замени 40 годишниот објект наречен „Amagerforbraending“, електраната ќе произведува електрична енергија преку горење на отпад.
„До 2017 година граѓаните на Копенхаген не само што ќе можат да скијат на најчистата електрана во светот, туку и нивната перцепција ќе биде предизвикана од уметничко дело кое ќе ја подигне свеста за емисиите на јаглероден диоксид“, вели Ланге.
„Првиот генератор на пареа во вид на прстен ќе произведува прстен на секој изгорен тон CO2 во електраната“, додава тој.
Архитектите веќе ги собраа бараните 15.000 долари потребни за да се создаде конечниот прототип, сега останува само да аплицираат за конечна дозвола за изградба на оџакот. Оџакот ќе користи еластичен механизам за да ослободи пареа во вид на прстен кои ќе имаат дијаметар од 25 метри и три метри височина.