X
 04.09.2015 Живот

Викенд временска прогноза... Од понеделник осетен пад на температурите!

Во Македонија во петок ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и многу топло. И покрај тоа што ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер а во западните предели слаб североисточен ветер, не се очекува промена на температурите кои ќе бидат идентични на денешните.

Утринските температури од 10 до 21 степен, додека пак максималните дневни ќе се движат во интервал од 27 до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ - Во Скопје во петок претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 36 степени. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота во Македонија не очекува уште еден летен ден, сончево и многу топло, со максимални температури кои ќе се движат од 28 до 39 степени.

Во недела во утринските часови услови за слаб дожд ќе има во северните и североисточните предели, во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Максималните температури од 25 до 36 степени. Во понеделник и вторник умерено облачно со сончеви периоди и дополнителен пад на температурите како на утринските така и на дневните.

Во понеделник во западните и југоисточните предели со услови за врнежи од дожд, а максималните температури до 19 односно до 30 степени, додека пак во вторник услови за слаби врнежи ќе има во јужните, југоисточните и југозападните предели. Максималните температури до 17 односно до 28 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот