X
 13.09.2015 Живот

Научно докажани поволности кои ги носат авантурите

Уживањето на плажа пиејќи освежителен пијалок може да биде фантастично, но поактивен одмор кој носи авантура може повеќе да го зголеми квалитетот на вашиот живот, а за тоа има и научни докази.


За поголема сила и подобро тело

Истражување покажува дека луѓето кои се поголеми авантуристи имаат поквалитетен живот затоа што се посилни и поотпорни на проблемите. Освен тоа, активностите како возење велосипед, планинарење или кајакарење може драстично да го подобри вашето здравје.

Помалку стрес

Секој одмор е бегање од реалноста, но активностите за време на одморот може да го направат вашето секојдневие помалку стресно. Динамичниот одмор помага во останувањето во смирена состојба и по враќањето на работното место.

Ќе бидете попаметни

Во друго истражување било докажано дека мозокот на личноста може да порасне за просечно 2% по редовни прошетки во природа.

Подобро спиење

Физичката активност може да ве умори, но активностите за време на одморот може да направат да спиете подобро кога ќе се вратите на дневната рутина.

За самодовербата

Правењето необични работи и постигнувањето тешки цели дејствува на самодовербата и ја зголемува истата.

Ќе бидете посреќни и ќе живеете подолго

Авантуристите никогаш не се плашат да отидат чекор понатаму и да го земат она што им е потребно за да бидат среќни. Тие подобро се соочуваат со анксиозноста и депресијата. Згора на тоа, истражувачите велат дека надворешните активности може да ви го продолжат животот со тоа што го намалуваат ризикот за добивање смртоносни болести.

Па, која е вашата следна авантура?


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот