X
 18.09.2015 Технологија

Како функционира испраќањето на пари на Фејсбук?

Уште откако беше лансирана Фејсбук во 2004 година, карактеристиките на оваа социјална мрежа значително се проширија. Визијата на основачо Марк Цукерберг започна како начин социјалната динамика на колеџ кампусот да се постави онлајн.

 

fb


Во почетоците на страната, студентите од мал број елитни колеџи направија профили на кои имаа фотографии и дополнителни информации за себе кои самите ги доставуваа, и се поврзуваа со профилите на нивните пријатели - токму од тука е терминот социјална мрежа. Всушност, само студентите со верификувани меил адреси од листа на одобрени колеџи можеле да се регистрираат на Фејсбук во текот на првите години. Згора на тоа, страната не била монетанизирана; нејзиното финансирање доаѓало само од капиталистите кои го забележале потенцијалот па затоа вложувале.

Во 2015 година, Фејсбук стана многу повеќе од онлајн игралиште на студентите од Ајви Лигата. Страната има околу 1.5 милијарди активни корисници месечно, што е околу една петтина од светската популација. За првиот квартал од 2015 година, Фејсбук заработи над 3.3 милијарди долари продавајќи рекламен простор. Бизнисите и претприемачите плаќаат за нивните промотивни пораки постојано да се појавуваат на насловната страна на корисниците. Само Гугл заработува повеќе од продажбата на рекламниот простор.

Исто така, Фејсбук овозможува да им испраќате пари на пријателите и деловните соработници преку страната со неколку кликања на глувчето. Во текот на 2015 година, Фејсбук ја најави оваа опција како дел од Фејсбук Месинџер. Со тоа автоматски станаа прв конкурент на Пејпал, која долго време се сметаше за доминантен играч на ова поле. Всушност, поранешниот извршен директор на Пејпал, Дејвид Маркус, преминал на Фејсбук во 2014 година за да го надгледува Месинџерот. Со толку време колку што луѓето поминуваат на Фејсбук, логично е корисниците да ги искористат предностите на оваа функција, откако ќе ја научат.

Страната го направи едноставен процесот на испраќање и примање на пари на интернет; корисникот само треба да има Виса или Мастеркард дебитна картичка. Со оваа услуга Фејсбук делува како посредник помеѓу вашата банка и банката на вашиот пријател, канализирајќи ги парите од една на друга страна.

Испраќање пари преку Фејсбук Месинџер

Испраќањето пари е доста едноставно. Потребни се само неколку секунди откако ќе ги споделите информациите од вашата дебитна картичка. Првиот чекор е да отворите нов или постоечки Фејсбук Месинџер разговор со пријател на кого сакате да му испратите пари. Тоа можете да го направите од вашиот персонален компјутер, таблет или паметен телефон. Откако ќе го повлечете разговорот, треба да ви излезе иконче со знак од доларот на дното на екранот. Кликнете го икончето. Апликацијата потоа од вас бара да ја внесете сумата на пари која сакате да ја испратите; внесете ја и кликнете Next.

Доколку прв пат испраќате пари, тогаш на екранот ќе ви се појави барање да ги внесете информациите од вашата дебитна картичка. Почнувајќи од семптеври 2015 година, услугата прифаќа само дебитни картички, не кредитни, а вашата картичка мора да биде Виса или Мастеркард. Внесете го бројот на картичката, датумот на истекување на картичката, кодот од задниот дел на картичката и платежниот зип код. Следно, притиснете го копчето Pay.

Процесот е завршен. Апликацијата ги испраќа средствата на вашиот пријател веднаш. Ако користите онлајн апликација на банкарство, тогаш ќе видите како се намалуваат вашите пари во неколку минути. Фејсбук ги складира информациите од вашата дебитна картичка, за да не мора постојано да ги внесувате информациите.

Примање пари преку Фејсбук Месинџер

Примањето пари преку Фејсбук Месинџерот е уште полесно од испраќањето. Кога пријател ќе ви испрати пари, добивате известување на Фејсбук, слично на тоа кое го добивате кога ви пристигнува порака. Ако информациите од дебитната картичка веќе се зачувани во апликацијата, тогаш не треба да преземате никаква акција - парите ќе бидат префрлени веднаш; известувањето едноставно ви кажува дека парите ви пристигнуваат.

Доколку немате доставено информации од вашата дебитна картичка, тогаш ќе добиете известување после уплатата, во кое ќе вклучува копче Add Card. Кликнете го, и ќе ви се појави прозорец во кој треба да ги внесите вашите информации од дебитната картичка за да ви стигнат пари. Откако ќе ги доставите информациите, апликацијата ја завршува трансакцијата.

Иако парите се префрлаат веднаш, во зависност од вашата банка, парите ќе стигнат после еден ден или подолго.

Како Фејсбук заработува од оваа опција?

Фејсбук не наплаќа за испраќање или примање пари преку Фејсбук Месинџер. Компанијата не заработува директно од оваа функција. Со услугата, се стимулираат и охрабруваат корисниците да ги складираат информациите од дебитните картички што значи дека на Фејсбук му се отвора еден свет на можности за монетаризација.

ВО блиска иднина, Фејсбук може да воведе копче „Buy now“, слично на она што го гледате на Амазон, во близина на рекламираните производи. Оние корисници кои веќе ја искористиле можноста за испраќање и примање на пари, и со тоа информациите од дебитната картичка им се зачувани, ќе имаат можност да купат рекламиран производ со само еден клик со глувчето. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија