X
 19.09.2015 Политика

Како Шведска се соочува со бегалската криза?

Во некои европски земји бегалците се пречекани на нехуман начин, но Шведска сосема поинаку се соочува со новите азиланти.


Во шведските градови бегалците се пречекани од група волонтери кои деноноќно се присутни на местата кадешто пристигнуваат бегалците. На секоја група им се дава храна, вода, облека итн.

Вработените во Службата за миграција се ангажирани на терен, исто така. Тие им ги даваат основните информации за добивање азил на бегалците. Присутни се и тимови на адвокати кои им помагаат на бегалците во ситуацијата во која се наоѓаат.

Во правната служба се наоѓаат лица кои и самите го поминале патот до Шведска по кој сега поминуваат бегалците.

На главната железничка станица во Малме сè тече уредно и организирано, пренесуваат медиумите. Останатите граѓани речиси не забележуваат промена во тоа подрачје.

Инаку, во Шведска секој ден пристигнуваат околу 1.000 бегалци од почетокот на бегалската криза.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика