X
 11.10.2015 Култура

Најдобрите и најлошите искуства на еден авантурист: Такси скандалот во Бугарија

Дру Голдбург изминатите три години ги поминал истражувајќи го свет, а досега има посетено околу 75 земји. 24 годишното момче од Аризона, кој има свој блог „The Hungry Partier“, споделува некои од подемите и падовите кои ги искусил во текот на неговото авантуристичко патување.

 

1


„Можам да кажам дека патувањето 24/7 е вистински ролекостер од емоции“, вели тој.

„Од перспектива на аутсајдер, се чини дека патувањето е забавно и опушта. Но, секој оној кој ја сака вистината, за секое позитивно искуство, следува и негативно“, додава тој.

„Така на пример, кога размислувам за мојата неодамнешна посета на Индија, првото нешто што ми се појавува во мојата глава не е Таџ Махал, туку ужасното труење со храна со кое се соочив. Исто така, кога ќе погледнам назад на моето патување во Бугарија, веднаш се сеќавам на тоа колку вознемирен бев кога ме измами таксистот. Се сеќавам на сето тоа пред било што друго“.

Ова се неговите пет најдобри и пет најлоши моменти во текот на патувањето досега.

 

1


Петте најлоши моменти

1. Ужасна сообраќајна несреќа со автобус


Бев на двомесечна турнеја во Индија. На половина пат од моето патување, требаше да фатам автобус од Удаипур до Јодхпур во Раџастан. Околу 1 часот навечер, возачот на автобусот нагло удри на кочниците и го сврти воланот исклучувајќи се од автопатот.

Целиот автобус се преврте, сите прозорци се скршија, и делови од автобусот се искршија. Луѓето врескаа, плачеа и се обидуваа да излезат од автобусот.

Имав доволно среќа и се извлеков со полесни повреди и исеченици на ногата.

 

2


2. Ограбен од Ромка во Грузија

Едно попладне во Тбилиси, Грузија, купував ручек од уличен продавач. Ја зедов сметката и извадив пари да му платам на човекот, кога една Ромка одеднаш дојде и ми ги укради парите од раката.

3. Украден ајфон во Дубаи


Престојував во хотел со пет ѕвезди во Дубаи. Си ги заклучив сите мои лични предмети - после цел ден лежење на сонце со пријателите, отидов да си ги земам работите кога видов дека некој провалил и ми ги украл камерата, телефонот и паричникот.

Но најлошиот дел беше кога на iCloud пронајдов фотографии од човекот што ми го украл телефонот. Можам да кажам дека и три години после случката, сликите се`уште не можам да ги заборавам.

4. Такси скандалот во Бугарија

Во Софија, Бугарија, пристигнав околу полноќ. Фатив такси и го замолив да ме однесе до мојот хотел во градскиот центар. После пет минутно возење, кога стигнавме до хотелот, на такси метарот пишуваше 50 евра.

Знаев дека обичната цена е околу 2.50 до 3 евра, па му реков дека е многу скапо и одбив да му платам. Тогаш тој започна да вика на бугарски и ги викна неговите пријатели да дојдат.

Мислев дека ќе ме нападнат, па ги фрлив парите и избегав со торбите. Од тогаш си ја научив лекцијата - секогаш преговарајте за цената пред да влезете во такси.

5. Бродска траума на Филипините

На последниот ден од турнејата на Филипините требаше да го фатам летот до Кебу во 22 часот. Тоа утро, бев на еден остров, оддалечен околу шест часа од Кебу.

Се разбудив рано за да го фатам фериботот. Имаше тешки океански струи и чамците не работеа. Не можев да стигнам до Кебу поинаку освен со брод.

Фрустриран, чукнав на вратата на Филипинец и го замолив да ме однесе со неговиот кајак. Се согласи за цена од 27 долари, такашто тргнавме. После еден час, ветрот стана се` посилен, а брановите започнаа да паѓаат над нашите глави. После три часовното патување, успеав да спасам жива глава и да стигнам.

 

3


Моите најдобри моменти

1. Возење со камила низ пирамидите на Гиза во Египет

И покрај тоа што имав измешани чувства за Каиро, возењето со камилите низ пирамидите е веројатно највозбудливото патување во мојот живот.

 

5


Возењето со камила траеше околу два часа, а имав приватен туристички водич кој ме водеше низ пустината.

2. Возење со балон во Кападокија, Турција

Кападокија е мистериозно место во центарот на Турција, создадено од вулкански карпи кои изгледаат како мали планински пештери. Возењето со балон беше едно од најсмирените нешта што сум ги направил.

 

4


3. Големиот кинески ѕид

Бев во Пекинг на 24 часовен престој, пред да одам во Сеул. За среќа бев во можност да добијам бесплатна транзитна виза на аеродромот (која важи 72 часа) такашто ми беше дозволено да го напуштам аеродромот и да го истражувам градот.

Веднаш после летот, со моите пријатели отидовме до најблискиот дел од ѕидот наречен Мутијану. Имавме само еден час да се искачеме на ѕидот, меѓутоа беше сосема доволно. Неверојатно како совршено бил изграден ѕидот, едноставно не можам да сфатам како луѓето го изградиле ова нешто што е поголемо од Америка.

4. Прошетка низ Мјанмар, Бурма

Поминав две недели во Мјанмар во јануари оваа година. Ова е мојата омилена земја во Азија бидејќи мислам дека има најавтентична и недопрена култура. Оваа автентичност за брзо време ќе исчезне бидејќи новите закони за регулирање на визи се помалку строги, а туризмот започнува да навлегува во земјата.

Моето најомилено искуство во Мјанмар е тридневното, 70 километарско пешачење од Калав до Инле Езерото. Неверојатно инспиративно доживување.


5. Искачување на Шри Пада планината во Шри Ланка

Поминав осум дена во Шри Ланка во почетокот на 2014 година. Ова беше моето прво патување во третиот свет, такашто беше ми ги отвори очите за патувањата во мојот живот. Го посетив историскиот град Канди, а еден пријатели ми кажа за искачувањето по 5.000 скали на највисокиот врв во земјата наречен Шри Пади.

Без воопшто да размислам, отидов и после шест часови искачување, успеав да се искачам и да доживеам уште едно неверојатно искуство.

Неговата цел е да посети 100 земји до неговата 26-та година, такашто не планира да го прекине патувањето.

 

6

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура