X
 11.10.2015 Живот

Необичното и морничаво езеро

На прв поглед, се чини како фотографијата да прикажува планина прекриена со снег. Но, во реалноста, всушност фотографијата прикажува нешто пострашно.

 

ezero


Ова е доста ретка и неприродна појава. Ова езеро во Индија е толку токсично што започнува да се пени и дури експлодира во пламени и изгледа како сцена излезена од хорор филм.

Лоцирано во раздвижениот високотехнолошки центар на Бангалор, 36 километарското езеро Беландур е најголемото и најзагадено во градот.

Пената е резултат на токсична вода која содржи висока содржина на амонијак и фосфати и многу ниско растворен кислород - што се случило како резултат на децении оставен хемиски отпад.

И како ова да не е доволно лошо, отпадните води од многу делови во градот исто така се испуштаат во езерото, со што тоа станува уште позагадено. За време на поројните дождови, пената започнува да прска на патот, предизвикувајќи гужва во сообраќајот, и предизвикувајќи неподнослива смрдеа во воздухот.

Од време на време, поради маснотиите, маслото и детегрентите во пената, таа се запалува.

„Секој пат кога врне, пената се крева и управувањето во овој дел е доста тешко“, изјави жител кој живее на околу 30 метри од езерото.

„Поради пената, видливоста е намалена и се шири ужасна миризба“, додаде тој.

Локалните жители се одлучни да го спасат езерото, такашто тие создадоа Фејсбук страна за да привлечат внимание на проблемот. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот