X
 30.10.2017 Технологија

Хорор-приказни креирани од вештачка интелигенција

„Стоев гледајќи надолу од ридот и здогледав маж во црна наметка што држи нож. Стоеше во тишина, зјапајќи во мене. Жал ми е. Те најдов. Сакам да уживаш во оваа глетка. Многу ми е жал.“

фото извор: Twitter

Ова е дело на вештачка интелигенција, поточно на Шели – морничавиот робот од игра. Нејзините креатори ја дизајнирале да ги апсорбира највознемирувачките приказни и да ги користи како инспирација за креирање хорор-стории.

„Тоа беше ужасно тело во постојан распад на коските и месото. Многу од нив беа делови од стакло што ја прободува земјата. Човекот беше змија – зјапаше во мене, со устата искривена во некаква тажна насмевка.“

„Иако беше тешко да се види, духот на жената можеше да се појави под ѕидот и почнуваше да зборува, па тој можеше да ги види своите стравови и тага.“

„Го паметам неговото лице во хоророт и тоа беше агонија и злоба. Бев заробена. Бев заробена во овој болнички кревет.“

„Соба 10 беше празна. Повраќав и паднав на подот, а потоа ги зедов децата и им објаснив што се случи.“

Всушност, приказните на Шели се резултат на соработка помеѓу луѓе и вештачка интелигенција. Но, тоа не е единствениот начин на кој таа може да научи да креира хорор-приказни. Секој може да ја посети нејзината страница на „Твитер“ за почеток на нова хорор-приказна на секој час. Откако ќе ја почне, таа ги поканува читателите да дадат свој придонес за следната реченица, а потоа ги менува своите пишувачки обврски додека приказната не добие ужасен заклучок. А потоа, повторно почнува со нова приказна.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија