X
 28.10.2015 Култура

Ѕирнете во необичниот хотел создаден за сите љубители на книгите

Некои луѓе сакаат книги, додека други сакаат да спијат покрај нив. „Book and Bed Tokyo“ е хотел чијашто тематика се книгите и се` што е поврзано околу нив. На 5 ноември овој необичен хотел ги отвора вратите за своите гости.

 

1


Дизајниран од Макото Таниџири и Аи Јошида, хотелот ветува дека е најдоброто место да се „стуткате“ во кревет со добра книга и да заспиете.

Одделот наречен „Компактен“ нуди мерки од 205 х 85 сантиметри, а одделот „Стандарден“ 205 x 129. Цената по вечер е од 32 долари до 50 долари, во зависност од големината на сместување. На денот на отворањето, хотелот ќе располага со 1.700 книги на англиски и јапонски јазик, меѓутоа хотелот планира да ја прошири библиотеката и до 3.000.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура