X
 29.10.2015 Живот

Италијанско училиште забранува носење високи потпетици

Трчањето на високи потпетици никогаш не е лесно - нешто што едно италијанско училиште мораше да го забрани.

 

1


Средното училиште Л'Иституто Текнико Индустриале де Авезано, во Аквила, Италија забрани високи потпетици над 1 сантиметар високи. Правилото беше поставено поради загриженоста дека високите потпетици можат да го спречат брзиот излез во случај на земјотрес.

Училиштето наводно ги проверило податоците за опасни обувки пред да го спроведат ова правило. Впрочем, постојат над 14.000 повреди со високи потпетици и тоа само во Америка.

„Директивата не е резултат на некоја пуританска фантазија. Ова е сериозен услов за да ги научи студентите како да се заштитат при земјотреси во високо ризични сеизмички зони“, вели Ана Аманзи, наставник во училиштето.

Градот беше уништен од земјотрес со јачина од 6.3 степени во 2009 година, во кој загинале 309 лица, а над 60.000 луѓе останале без своите домови.

Ова е едно од најновите необичен дрес код неодамна спроведен во светот. Училиштата имаат забрането и други предмети воглавно насочени кон женските, кои се движат од јога пантолони до чорапи и блузи, бидејќи се сметало дека го одвлекуваат вниманието од учењето.

Бидејќи овој кодекс на облекување воглавно влијае врз жените, и имплицира дека не смеат да носат потпетици за време на вонредна состојба, некои тврдат дека училиштето требаше да ја сугерира идејата наместо официјално да воведува забрана.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот