X
 23.08.2018 Култура

Кои Европејци трошат најмногу пари на патување?

Граѓаните на Луксембург трошат најмногу пари на едно патување - во просек по 768 евра од личност, во споредба со другите жители на ЕУ, покажуваат податоците на Евростат.

На второ место се граѓаните на Малта, кои во текот на одморот трошат просечно по 646 евра, а на трето место се Австријците со потрошени 607 евра.

Граѓаните на ЕУ потрошиле 428 милијарди евра на туристички патувања во 2016 година - Германците потрошиле 120 милијарди евра, Французите 71 милијарда евра и Британците 61 милијарда евра.

Од вкупно потрошени 428 милијарди евра, околу 45 отсто се потрошени на домашни патувања, а 55 отсто на патувања во странство. На секое патување Европејците во просек потрошиле по 355 евра.

Најмалку пари на едно патување потрошиле Летонците и Романците (по 124 евра), додека граѓаните на Чешка трошат во просек по 133 евра.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура