X
 03.06.2018 Технологија

Зошто треба да се „изгугламе“ себеси?

„Гугл“ ви овозможува да истражувате на било која тема што можете да ја замислите.

Што повеќето луѓе прават кога им е даден пристап до толкаво богатство на информации?

„Гуглаат“ за себеси.

Постои многу добра причина зошто треба редовно да го пребарувате вашето име, и тоа е поврзано со вашите лични податоци. Редовното пребарување на вашето име ви овозможува увид во тоа колку од вашите лични податоци има на интернет - и веројатно постојат повеќе отколку што мислите.

-Постојат две страни од собирањето на податоците. Од една страна постојат моменти кога ги давате вашите податоци и знаете што се прави со нив; на пример кога постирате работи на „Фејсбук“ знаете дека луѓето ги гледаат. Но постои и скриеан страна каде што ги внесувате името и мејл адресата за билтен или нешто слично и немате поим што се случува со нив и со кои други податоци би можеле да бидат поврзани. - вели Мартин вон Лупин од компанијата за податоци „Смол Мултиплајс“.

-Важно е да знаете за двете страни, за да можете да донесувате свесни одлуки за тоа колку информации овозможувате да бидат достапни - додава тој.

Во пресрет на скандалот со „Кембриџ Аналитика“, Андреа Лау од истата компанија, вели дека потрошувачите започнуваат да стануваат посвесни за количината на податоци што се собираат секојдневно.

Како да ги заштитите вашите податоци?


Иако можеби не можете да откриете колку од вашите податоци постојат на интернет, постојат начини да ја намалите количината на лични податоци што би можеле да ги дадете. Еве како:

- Покривање на вашата веб камера;
- Редовна проверка на вашето онлајн присуство;
- Користење на повеќе кориснички имиња;
- Бришење на сметки на социјалните медиуми;
- Исклучување на историјата на пребарување на „Гугл“;
- Давање лажни податоци во форми;
- Исклучување на опцијата за следење на локацијата;
- Користење на привремени мејлови онлајн;
- Користење блокатори за следење.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија