X
 12.11.2015 Технологија

Интернетот живее во огромен хотел на Менхетен

интенрет


Не постои недостиг на интересни работи кои можете да ги видите на интернет, меѓутоа самиот интернет - мрежите, серверите и каблите кои се обидуваат да ги поврзат луѓето онлајн се прилично досадни.

 

Питер Гаритано открива како сето тоа функционира. Тој отсекогаш знаел дека интернетот повеќе е место отколку „нешто“ - всушност, тоа е место кадешто поголемиот дел од мрежите се наоѓаат во студени соби преку кои се движат огромни количини на податоци од целиот свет. Тој не знаел како сето тоа функционира, па решил да открие.

 

Затоа, Питер неколку месеци поминал во хотели во кои се спојува и се формира големата мрежа. И открил дека токму поради тоа се нарекува интернет - овозможува неограничен број на различни мрежи да се спојат како една.


Во еден хотел AT&T мрежата може да се поврзе со Verzion мрежата. Мрежата на Verzion се поврзува со мрежата на Google. И така натаму. Воглавно, ова е место за поврзување на голем интернет сервис провајдери како AT&T и Verzion - организации кои даваат домови и деловни интернет конекции.

Во меѓувреме, сите видови на други компании кои го користат интернетот можат да постават машини во внатрешноста на овие објекти. Тоа е начинот на кој нивните веб страни и друг софтвер стигнуваат до вас и до светот на бизнисот.

Влегувањето во овие жични хотели не било лесно. Питер поминувал денови испраќајќи меилови и јавувајќи се за да организира средби. Два од петте хотели во Њујорк не сакале да бидат именувани. Овие хотели обезбедуваат директна поврзаност до интернет провајдери и бизниси вклучувајќи ги  Time Warner Cable и Hewlett Packard. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија