X
 18.11.2015 Култура

Првиот солистички концерт на нашата Сара Симоновска во САД

Сара Симоновска е македонска студентка која студира во САД, и тоа на престижниот Универзитет во Џексонвил, Флорида. Таа студира ударни инструменти, а поради својот талент, изминатата година беше добитник на целосна стипендија во вредност од 50.000 долари за студирање. Најновата вест која ни пристигна од Сара е видеото од нејзиниот прв солистички концерт со ансамблот Jacksonville Wind. Во продолжение погледнете го видеото од концертот, а подолу прочитајте кратко интервју со Сара.



Беше прогласена за најдобар студент на својот факултет. Колку ова ти помогна во добивањето можност за солистички концерт?

- Таа диплома ми овозможи да можам да го покажам мојот талент и пошироко, по што бев слушната од други професионални музичари, по што добив понуда да свирам Соло Кончертино со Jacksonville Wind Ensemble. Ова за мене беше и е голем успех, но и напорна работа.


Твоите импресии од концертот?

- Среќна и задоволна. Бев премногу возбудена и имав трема пред да излезам на сцена. Не бев свесна колку луѓе беа присутни на концертот. Само знам дека бев пресреќна кога бев на сцена и се трудев да го дадам најдоброто од мене. После концертот добив преубави коментари и честитки од високо класни музичари и луѓе кои биле восхитени од мојата интерпретација.

Порано месецов одржа и друг концерт со колега. Кажи ни нешто повеќе за него.

- На Петок 13ти, се одржа Percussion Ensemble Concert на мојот факултет, каде што имав соло маримба дел, и каде што мојот пријател Anthony Akapnitis свиреше соло вибрафор. Го свиревме делото An Unfamiliar Archipelago од Sherri Chung. И секако, Аnthony е одличен музичар, лесен за соработка, едноставно флексибилен перкусионист со многу страст за ударни инструменти.


Како е на студии?

- На студии е одлично. Малку напнат период со испити и последни тестови, но потоа ме очекува одличен Новогодишен одмор во Miami со сестра ми. После тоа секако нови предизвици во музичкото поле.

Има ли некои новости за кои ќе слушнеме во блиска иднина?

- Се надевам дека да. Планирам да конкурирам за еден голем натпревар, но сеуште не сум сигурна каде и како се ќе се одвива. А можеби следната година уште некој концерт.


Ја користам можноста и да се заблагодарам на мојот професор Тони Стив што ме поттикнуваше и секој ден, и што секоја минута ми ги отвора вратите се поблиску и поблиску кон сериозниот музички живот. Исто така, да се заблагодарам на Mamie Lue Small што беше прекрасен фотограф на мојот концерт, на Дејвид Грин за професионалното видео и секако, најголемо благодарам до моите родители и сестра ми кои секогаш се мојата мотивација и утеха.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура