X
 26.11.2015 Технологија

Бесплатни апликации за подобар сон

Човекот поминува повеќе од 30% од својот живот спиејќи. Сепак, секој ден изгледа како да не сте спиеле доволно, зарем не? Телефоните честопати се наведуваат како лоши за спиењето, но доколку ги користите правилно, тие може да ви помогнат да спиете подобро.



Користете апликација за филтрирање на екранот

Луѓето природно заспиваат по заоѓање на сонцето, а се будат по изгревањето. Доколку ги користиме електронските уреди за време на ноќните часови може да влијаеме на природниот ритам. Апликацијата „Twilight“ помага овде со ставање филтер на екранот на уредот, со што ја имитира светлината во природата со намалување на сината светлина која се испушта од телефонот.

Следете го циклусот на спиење за да се разбудите во вистинско време

Секој циклус на спиење трае еден час и половина. Експертите тврдат дека доколку го почитуваме овој циклус и се будиме во вистинското време може да функционираме подобро со помалку часови сон. Апликацијата „Urbandroid“ го следи спиењето на корисникот и го буди во вистинскиот момент.

Користете апликација за релаксација на мозокот

Кога слушаме одредена мелодија, мозокот инстинктивно работи во истиот ритам. Наместо да се будите од амбиенталните звуци, нареден пат користете апликација со која може да бирате од повеќе мелодии. „Relax melodies“ е добра апликација за ова и е бесплатна.

Заспивајте со омилената музика

Многумина сакаат да заспиваат со тивка мелодија, но проблемот е кога треба да се исклучи истата. Најлесен начин за решавање на проблемот е користење на апликација како „Sleep timer“, која ќе ја искучи музиката без вие да се будите.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија