X
 14.08.2018 Технологија

„Фортнајт“ на „Андроид“: како функционира и какво е чувството кога се игра

Најпознатата игра на денешницата сега е достапна и за андроид-телефоните.

За време на презентацијата на најновите телефони на „Самсунг“, девелоперот на играта „Фортнајт“, „Епик гејмс“, објави дека сега таа е достапна и на паметните телефони, со што ќе можат да играат стотици милиони потенцијални играчи.

Играта е достапна во бета-форма на андроид-уредите, иако неколку дена ќе биде достапна само за корисниците на „галакси“, а секој што ќе купи „галакси ноут 9“ и „таб С4“ ќе добие ексклузивна функција за нивните ликови во играта. По периодот на ексклузивноста, сопствениците на андроид-уредите што ги имаат основните технички перформанси ќе можат да одат до веб-страницата на „Фортнајт“ и да се регистрираат за покана.

fortnajt
Фото: Epic Games

Играта е 1.9 гигабајти, а преземањето одзема доста време и може да биде непознато за луѓе што никогаш не купиле игра надвор од „Гугл плеј“, каде што „Фортнајт“ не е достапна. Треба да го насочите вашиот веб-пребарувач до „Епик гејмс“ или до „Галакси стор“ и да го преземете инсталерот, што ќе бара да ја вклучите опцијата за преземање апликации од непознати извори.

Процесот функционира различно, во зависност од тоа каков телефон имате, но ако направите промени за да ја имате играта, добра идеја е да се вратите назад и да ги вратите штом ќе завршите со преземањето за телефонот да не го оставите отворен за малициозни софтвери.

Откако ќе влезете во играта, ќе можете да пристапите до која било фортнајт-сметка што веќе сте ја поставиле на „Епик гејмс“ или на „Ексбокс“, „Свич“ или „Плејстешјн“.

„Фортнајт“ функционира на ист начин на „Андроид“ како и на „Ајос“ - преку првично збунувачки спектар на виртуелни контроли на екранот. Движењето е преку кружен „џојстик“ во долниот лев агол, што функционира добро додека не сте среде битка и заборавите точно каде е врската со палецот, оставајќи го вашиот лик заглавен и ранлив неколку скапоцени милисекунди.

За среќа, постојат многу корисни помагала за корисниците, меѓу кои и автоматска опција за активирање на оружјето ако постои друг играч во близина. Добивате и визуелни инструкции ако во близина има ковчег со богатство или ако има истрели или стапалки.

Играта работи беспрекорно на „Галакси С8“, без кочење, дури и во режимот 50/50 што бара многу повеќе и каде што два огромни тима се борат во истата област со многу експлозии и пукања. Играњето еден час значително ја троши батеријата, а некои корисници пријавиле проблеми со загревање на телефонот.

Генерално, исто е искуството и на ајос-платформата.

Фортнајт“ е преземена повеќе од 125 милиони пати на неколкуте платформи, но сега „Епик гејмс“ проценува дека може да се игра на 250 милиони моментални андроид-уреди.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија