X
 28.12.2015 Образование

Поопасно е купувањето љубов со подароци од било која строгост

„Разликата меѓу насилството над децата и физичкото казнување, односно едно удирање по задникот, секако дека постои“, пишува Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, познат новинар и уредник од „Novosti.rs“. Таа додава дека и вториот метод со кој родителите ги воспитуваат децата веројатно не може да биде забранет со закон, како што е предложено во Србија. Законот предвидува забрана на физичкото насилство врз децата од страна на родителите. Законот е на јавна расправа до јули наредната година.


„Искрено признавам дека јас мојата ќерка кога беше мала, иако ретко, ја удирав по задникот. Дали тоа ме прави насилник и неодговорен родител? Во секој случај ме прави помал лажго од оние кои овие денови јавно се колнат дека своето дете никогаш не го удриле, а дека ударот по задникот е недопустлив злостор.“

Мирјана посочува како поголемо злосторство за детето е да му се кажат грди зборови, да му се зборува дека е неспособно, глупаво и дека од него никогаш нема да биде ништо. Потоа, многу е полошо и пцуењето, недоследноста и недостатокот на морални вредности. Децата мора да знаат за граници и мора да се воспитуваат.

„Ако родителот никогаш не му прочитал ниту една приказна на своето дете, ако дозволи да знае брендови на телефони а ниту една песна, тоа е дното. Ако родителот го подмитува наставникот и му допушти на детето неписмено да го заврши основното образование, дури и да е полуписмено, тоа е многу пострашно од ударот. Ако родителот дозволи детето по цел ден да зјапа во екранот од телевизорот, компјутерот, мобилниот телефон, ако го води во играчници наместо во паркови, ако родителот го запишува своето дете во приватно основно училиште и се радува што има и приватни гимназии бидејќи таму ќе помине полесно, тоа е катастрофа неспоредливо поголема од било кое плескање.“

Мирјана наведува дека за детето е битно да научи нешто на училиште наместо родителот да моли за негова оцена, а ова е полошо од секое плескање.

„Некогаш на крајот на учебната година родителите намуртено ги гледале своите деца поради слабите оцени. Но денес, тие намуртено ги гледаат наставниците“, пишува таа.

Купувањето подароци секојдневно е многу поопасно купување љубов отколку било која строгост од страна на родителот. Родителите денес би требало да ги научат своите деца дека постои „нема“ и „не може“. Општеството би требало да има сили да им објасни на децата дека најголемите вредности не се во парите.

Насилството над децата е недопустливо, но законот предложен во Србија е непотребен, според Мирјана.

„Милион пати поголем проблем е воспитното и емоционално запоставување на децата. И секако, планетарната сексуализација на децата.“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование