X
 15.05.2019 Култура

„Одмаздници: Завршница“ за 20 дена го виделе 20.000 луѓе во „Синеплекс“

Повеќе од 20.000 луѓе досега го виделе филмот „Одмаздници: Завршница“ во киното „Синеплекс“ во Скопје. Оваа киностатистика важи за периодот од 25 април, односно од премиерата на филмот кај нас.
Од „Синеплекс“ велат дека ова е најгледан филм на тема суперхерои во последните неколку години.
Филмот, во кој се вложени 356 милиони долари, во САД веќе има заработено 728.447.735 долари, а во цел свет повеќе од 2,5 милијарди долари!
„Марвел“ досега има направено 22 меѓусебно поврзан филмови со своите јунаци, а „Одмаздници: Завршница“ е четвртиот дел од серијалот „Одмаздници“ што ги обединува сите ликови.


Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура