X
 15.05.2020 Култура

Карл Сејган: Книгата е доказ дека луѓето се способни за магија

Долго пред Нил Деграс Тајсон да стане лицето на серијата „Космос“, Карл Сејган го восхитуваше светското население како прв домаќин во серијата во 70-тите и 80-тите години.

Во продолжение, тој дава прекрасно објаснување за моќта на книгите кое не треба да се заборави.

- Колку фасцинантна работа е книгата. Таа е рамен предмет направен од дрво со флексибилни делови на кои се отпечатени многу интересни темни чкртаници. Но со само еден поглед во неа веднаш влегувате во мозокот на друга личност, можеби некој кој е мртов илјадници години. Низ милениумите, писателот зборува јасно и тивко во твојата глава, директно ти се обраќа. Пишувањето можеби е најголемиот изум на човештвото, спојувајќи луѓе кои никогаш не се познавале, граѓани од далечни епохи. Книгата ги крши оковите на времето. Книгата е доказ дека луѓето се способни за магија.



Извор: upworthy.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура