X
 15.07.2017 Наука

Научниците ја открија вистината за Сонцето

Нашето Сонце е исто како и сите други ѕвезди и не е необично поради магнетните полови циклусот да се промени на секои 11 години, велат научниците.

Извештајот објавен во весникот „Science“ открива дали ѕвездата на нашиот Сончев Систем е циклична како и другите соседни ѕвезди.

„Го разјаснивме основниот механизам кој ја одредува должината на овие циклуси, што ни помага да го разбереме самиот циклус на подолг период“, вели авторот Антоан Стругарек, истражувач на Универзитетот во Монтреал.

„Така можеме да кажеме дали следниот магнетен циклус на Сонцето за 10 или 20 години ќе биде интензивен, долг или краток, а тоа ни помага да одредиме и какви сателити треба да поставиме во орбитата и кога е најповолно време за нивно лансирање“.

Активноста на Сонцето варира во 11-годишен циклус, а промените ги прави магнетното поле на Сонцето.

Научниците веќе долго време веруваат дека нашето Сонце е необично бидејќи не одговарало на магнетните циклуси забележани кај другите ѕвезди.

Така истражувачите извеле серија на симулации на ѕвездени магнетни полиња и покажаа дека магнетниот циклус на Сонцето зависи од брзината на ротацијата и сјајноста.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука