X
 15.08.2021 Живот

Несреќните луѓе го користат мозокот погрешно: Четири совети од познат психолог што ќе ви го променат животот

Британската терапевтка и психолог Мариса Пјер го промени животот на многумина во нејзините сесии и презентации. Таа верува дека мозокот работи во корист на човекот, додека многу луѓе работат против него.

Мариса има неколку идеи како да го смените вашиот пристап кон животот.

Мозокот секогаш го прави она што човекот сака


Мозокот прави многу интересни работи во корист на човекот.

Како прво, мозокот секогаш го прави она што мисли дека човек сака. Второ, мозокот работи во наша корист, обидувајќи се да ја отстрани болката и да нѐ доведе до благосостојба. Трето, мозокот работи врз основа на речениците и сликите што ги испраќаме.

И четврто, тој сака да се држиме до нештата што ни се познати и драги. Значи, ако често кажувате „Не ми се оди на работа“ или „Мразам што треба да одам на тој настан“, му давате до знаење на вашиот мозок дека навистина не сакате, а вашиот мозок ќе стори сé за да ве спречи да го направите тоа - така, може да ви испрати настинка или нешто слично.

Треба да кажете: „Да, ќе биде тежок ден на работа, но морам да го направам тоа“. Улогата на вашиот мозок е да се спротивстави на сите работи што не ви одговараат. Кога велите: „Го мразам моето семејство, ги мразам моите деца“, мозокот бара начин да ве држи подалеку од нив и веројатно ќе го стори тоа на начин што ќе ве разболи.

Наместо тоа, кажете: „Да, тешко е со децата, но ги сакам“, „Да, работата моја е тешка, но сакам да имам работа“. Тогаш вашиот мозок нема да дава отпор.

мозок
Фото: Pexels

Мозокот има само една цел


Проблемот е што многу луѓе мислат дека мозокот работи во насока да нѐ направи среќни. Но, не, единствената цел на вашиот мозок е да ве одржува во живот.

Можеби звучи смешно, но можете да го измамите мозокот со тоа што ќе му ги кажете вистинските зборови. „Јас тоа го сакам“. Така работат врвните спортисти. Тие не се жалат дека морале да станат во три наутро за да трчаат или да вежбаат. Тие велат: „Да, морам да го направам ова,бидејќи ќе ме направи врвен спортист“.

Тие сфаќаат дека вашиот мозок ве одвлекува од она што не ви се допаѓа и ве носи таму каде што ви се допаѓа. Ако ја поврзете болката со ситуација, настан или нешто друго, вашиот мозок ќе стори сé за да ве одвлече од него. Вие избирате на што припишувате болка и на што припишувате задоволство - вашиот мозок ве води кон задоволство.

Мозокот го сака она што му е познато


Сѐ што зборуваме и сѐ што гледаме, создава слики во нашата глава што многу влијаат на нашите животи. Кога создавате пријатни слики и позитивни реченици во вашата глава - целиот ваш живот се менува. Мозокот го сака она што го знае - затоа сѐ она кон кое се стремите направете го позитивно во вашата глава и лесно ќе го постигнете.

Фалете се себеси постојано бидејќи единствената личност која ќе ве пофали секогаш кога ви е потребно сте само вие. „Тоа го направив одлично“, „Го сакам тоа што го правам“, „Одличен сум во тоа“. Усвојте ги тие фрази, направете ги познати во вашиот ум и вашиот мозок нема да работи против вас.

Значи, да ги сумираме најважните правила:

- Кажете му на вашиот мозок што сакате;
- Поврзете го задоволството со она што го правите и сакате;
- Сѐ негативно поврзете со непознатото, а сѐ што ви се допаѓа со она што е познато на вашиот мозок.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Pexels
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот