X
 15.09.2019 Култура

Симона од Скопје ќе глуми во „Црната вдовица“ на „Марвел“, состојбите во високото образование во Македонија се трагични. Што истражувавме неделава?

Скопјанката Симона Живковска глуми во блокбастерот „Црната вдовица“ на студиото „Марвел“ со Скарлет Јохансон во насловната улога, какви се состојбите во високото образование во Македонија, како помина вториот уписен рок на факултетите, зошто никој не сака да студира за да биде наставник по хемија... Ова се дел од темите што ги истражувавме неделава.



- Ви благодарам многу за поддршката во овој момент, особено ми значи! Многу сум благодарна за оваа можност и се надевам дека ќе ја направам Македонија горда! – се заблагодари Симoна на „Твитер“.


Проф. д-р Валентин Мирчески, претседател на Хумболт и ДААД клубот-Македонија, во својот став вели дека во Македонија високото образование е социјална наместо развојна категорија. Тој вели дека постои ургентна потреба од суштинска и непристрасна дебата за состојбите во оваа област.

Проф. д-р Валентин Мирчески

- Во Македонија, за жал, високото образование наместо развојна, е социјална категорија. Корените на оваа состојба се далеку во самоуправниот систем на претходната држава, и досега не е направена суштинска промена на овој статус – вели тој.



Идните студенти што не беа примени во првиот уписен рок, се запишуваа неделава во вториот. На сите факултети на најголемиот универзитет во Скопје имаше место, освен на Медицински, каде што државните и приватните квоти се пополнија уште во првиот рок. Утре е втор уписен рок на универзитетите „Св. Климент Охридски“ во Битола и на „Гоце Делчев“ во Штип.

Лекарите и аптекарите збунети, а пациентите уште повеќе. Како ќе се оди на преглед кај матичен?
Допис од Фондот за здравствено осигурување, кој го добиле голема група матични лекари, направи забуна околу тоа како треба да изгледа прегледот кај овие доктори и колку ќе се чека за него. Од Здружението на приватни лекари (ЗПЛРМ) велат дека Фондот бара повторно запишување на терапијата во здравствените книшки на пациентите и враќање на хартиениот амбулантски дневник (досега печателе електронски), па двојно се зголемуваат административните работи во здравствените ординации. Така, според нив, ќе се зголеми и времето за чекање, а со тоа и ризикот за здравјето на одредени болни.



Само еден средношколец во Македонија се запиша на студии по наставна хемија на Институтот за хемија во првиот уписен рок на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Иако бројката на студенти може да се зголеми во преостанатите два уписни рока, сепак, ова е силен показател за состојбите во образованието во земјава. Никој не сака да предава хемија во училиштата и интересот за студирање на наставните програми е многу мал. Зошто на наставна хемија годинава се запиша само еден студент?

Синоќа во Битола беше свечено отворено јубилејното 40. издание на фестивалот „Браќа Манаки“. Фестивалот за отворен го прогласи претседателот Стево Пендаровски, а „Златната камера 300“ за животно дело му беше дадена на големиот светски и американски кинематографер Едвар Лакман.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура