X
 11.01.2016 Култура

Почина легендарниот Дејвид Боуви

Познатиот музичар Дејвид Боуви почина на 69 годишна возраст, после 18 месечна храбра борба со ракот.

 

дејвид


„Дејвид Боуви почина опкружен со своето семејство после храбрата 18 месечна битка со ракот. Додека голем дел од вас ќе ја споделат оваа загуба, од вас бараме да ја почитувате приватноста на неговото семејство додека тагува“, пишува на официјалниот Фејсбук профил на музичарот.

January 10 2016 - David Bowie died peacefully today surrounded by his family after a courageous 18 month battle with...

Posted by David Bowie on Sunday, January 10, 2016

 

И неговиот син ја потврди информацијата за смртта на Дејвид, на неговиот Твитер профил.


 

Дејвид Боуви, роден како Дејвид Роберт Џонс на 8 јануари 1947 година беше британски рок музичар, глумец, продуцент.  Пејачот го објави неговиот последен албум „Blackstar“ на неговиот роденден во петокот.


Во продолжение можете да го погледнете неговиот живот низ фотографии - линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура