X
 15.01.2016 Технологија

Pickbox vs Netflix - два стриминг сервиси во Македонија

Веста за доаѓањето на Netflix во Македонија ја поттикна желбата на многумина да се регистрираат и да го испробаат најпознатиот streaming сервис за гледање филмови и серии на светот. Со оглед на тоа дека Netflix е бренд кој на десетици милиони луѓе ширум светот им овозможи гледање на содржини било каде и било кога, сите посакаа да видат за што се работи и дали истите серии и филмови ќе бидат достапни кај нас како и во Америка или западните земји.



Со оглед на тоа дека Netflix доаѓа на пазар на кој Pickbox се профилираше пред една година, сите се прашуваа дали Netflix со своето доаѓање ќе му го загрози работењето.

Иако е Pickbox како услуга стар само една година, на нашиот пазар најде свое место и не стравува дека Netflix би можел да му го одземе. На сите територии покрај Netflix постојат и други SVOD играчи како Hulu, Amazon или за нашиот регион Pickbox и HBO GO.
Сите услуги имаат различна понуда на содржини, цена и начин на дистрибуција, а гледачите често се одлучуваат за претплата и на повеќе различни streaming сервиси.

Но по што всушност се разликуваат Netflix и Pickbox?

Моменталната верзија на Netflix не нуди преводи, додека Pickbox нуди превод на сите содржини кои ги превеле професионални преведувачи. Од месец во месец пристигнуваат нови серии и филмови, а Pickbox во својата прва година имаше дури 19 премиери, како Куќа од карти (House of Cards), Државна секретарка (Madam Secretary), ЦСИ: Кибер, Црно сираче (Orphan Black), Животно семе (Extant), Доктори за секс (Masters of Sex.) Новите серии, ексклузивно за Македонија, на Pickbox доаѓаат 24 часа по американската премиера со професионален превод.

Овој месец на Pickbox премиерно ќе се прикажува моментално најсилната серија на  Showtime Милијарди (Billions) со повеќекратно наградуваните глумци Пол Џијамати и Демијан Луис (Homeland) во главните улоги, Без граници (Limitless) снимена според истоимениот филм со Бредли Купер и Државна секретарка и ЦСИ: Кибер, а оваа година Pickbox  започна со светската премиера на специјалот на BBC, Шерлок специјал.

Pickbox и понатаму ќе инсистира на квалитетот на своите содржини и преводи и ќе носи премиерни и култни серии, многу содржини на Disney за деца и филмски класици кои сите сакаат да ги гледааат.

Сличности на Pickbox и Netflix:

-    SVOD (streaming video on demand) – двете се услуги за гледање содржини преку  streaming
-    гледање содржини било каде и било кога
-    легално гледање серии и филмови преку интернет
-    немаат договорна обврска
-    ширење на културата на маратонско гледање серии


Разликите меѓу Pickbox i Netflix:

-    Pickbox и Netflix имаат различни содржини
-    Pickbox дистрибуира содржини од 7 најголеми светски студија (Sony, MGM, CBS, Showtime, BBC, ABC, ITV, Disney), а гледачите на Pickbox преку социјалните мрежи и корисничката поддршка учествуваат во бирањето нови серии и филмови
-    Netflix тежнее кон серии од своја продукција, како Orange is the New Black, Narcos, Jessica Jones
-    Pickbox ги има достапни сите сезони на сериите, како Црн список (Blacklist), Под куполата (Under the Dome)…
-    Основниот пакет на Pickbox е поевтин од основниот пакет на Netflix; основниот Pickbox пакет чини 299 MKD, основниот Netflix пакет чини 7,99 евра
-    Pickbox има преводи од професионални преведувачи на македонски, Netflix нема превод
-    Дел од цртаните на Disney на Pickbox се синхронизирани
-    Во основниот пакет Pickbox може да се гледа на 2 уреди, Netflix на 1 уред
-    Netflix е достапен само преку интернет, додека Pickbox е достапен и преку Македонскиот телеком во MAX тв видеотеката
-    Pickbox во својата прва година ја прикажуваше Куќа од карти, првата серија од продукцијата на Netflix, која не може да се гледа на Netflix во Македонија

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија