X
 18.05.2022 Култура

„Црно огледало“ се враќа со нови епизоди

Не се објавени нови епизоди од хит-серијата „Црно огледало“ (англ. Black mirror) во последните три години. Но на паузата наскоро ќе ѝ дојде крајот бидејќи во моментов се работи на шестата сезона од серијата, која се прикажува на „Нетфликс“.

Новата сезона ќе има повеќе епизоди од петтата, која има само 3 епизоди, но секоја епизода ќе биде како посебен филм. Не се откриваат дополнителни детали за сезоната и за датумот на премиерата.

Досегашните епизоди од серијата, создадена од Чарли Брукер, стануваа сè покомплексни и поскапи, а во нив можеа да се видат напредни специјални ефекти и многу познати лица, како Ендру Скот и Мајли Сајрус.

Не се знаеше дали ќе има нови епизоди од серијата бидејќи Брукер во 2020 г. изјавил дека повеќе се интересира за комедија.


Извор: Huffpost
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура