X
 21.01.2016 Образование

За работа се чека и повеќе од една година по дипломирање

На младите потребно им е повеќе од една година за да најдат работа, откако ќе ја земат дипломата во раце, покажа нашата анкета од минатата недела. Факултети мк. ги праша младите за колку време нашле работа после дипломирањето и им понуди четири одговори: три месеци, шест месеци, една година и повеќе од една година.



Дури 683 или (65,4 проценти) од оние кои учествуваа во анкетата, одговорија дека им било потребно повеќе од една година за да се вработат. Во анкетата, учествуваа вкупно 1.044 лица. Од нив, 199 или 19.1 проценти нашле работа за три месеци, а 83 лица или 8 проценти се вработиле за една година. За шест месеци пак, работа нашле 79 или 7.5 проценти од анкетираните.


Анкетата покажа дека повеќе време за да се дојде до работно место им треба на дипломираните од општествените науки, како на пример филолошките филозофските, правните, еконономските и наставничките факултети во земјава.

Проблем да се најде работа брзо по дипломирање има и со природно математичките факултети, но и со медицинските и стоматолошките.

Најбрзо до работно место, најчесто до три и шест месеци дошле оние кои дипломирале на информатичките и електротехничките факултети, како и оние од градежните и архитектонкските факултети, покажа нашата анкета.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование