X
 20.06.2016 Технологија

Запознајте го Оли - електричниот минибус без возач

Американската компанија „Local Motors“ создаде целосно автономно електрично возило за превоз на 12 луѓе.

 

1


„Local Motors“ стана позната во 2015 година кога на јавноста ѝ го претстави автомобилот отпечатен со 3D печатар. Година дена подоцна, оваа компанија го произведе и првиот автономен електричен минибус наречен Оли.

Опреме со LIDAR (Light Detection and Ranging) технологија, камери и сензори, Оли е во состојба самостојно да ја вози зададената рута.

 

2


Возилото тешко 1.5 тони како погон користи електромотор кој произведува 30 kW и развива 125 Nm максимални обртни моменти. Според податоците на произведувачите, Оли моментално е во состојба да развие скромни 20 километри на час и да помине 50 километри пред да се испразни неговата батерија.

Иако на прв поглед перформансите не делуваат убедливо, ова е сосема доволно за тип на возила кои би се користеле во универзитетските кампуси, големите хотелски комплекси како и туристичките разгледи на знаменитостите во големите градови.

 

3


Првиот примерок на овој минибус веќе започна да вози во американската сојузна држава Мериленд. Возењето засега го надгледува оператор, кој е тука во случај на непредвидени ситуации. И додека во светот се'уште се водат дискусии за законите кои ќе го регулираат сообраќајот на автомобили без возачи, компанијата соопшти дека ќе преземе целосна одговорност за евентуалните инциденти кои би ги предизвикал минибусот.

До крајот на годината компанијата ќе произведе едно возило кое ќе се користи во Лас Вегас, два минибуси за клиенти од Флорида и четири примероци кои ќе патуваат до Данска.

 

4

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија