X
 02.04.2016 Култура

Можете ли да ја решите познатата загатка со зелените очи?

Замислете дека постои остров кадешто еден диктатор заробил 100 луѓе, а сите тие луѓе се одлични математичари. Тие не може да избегаат, но постои едно правило. Навечер, секој затворен има право да побара слобода од чуварот. Ако има зелени очи, ќе биде пуштен, ако нема ќе биде фрлен во вулкан.



Сите од заробените имаат зелени очи, но сите живееле на островот од своето раѓање и диктаторот направил сè што е во негова моќ за тие да не дознаат какви очи имаат. На островот нема огледала и не може да го видат својот одраз во водата. Најбитно е дека тие не смеат да комуницираат меѓусебно. Меѓутоа, тие се гледаат меѓусебно секое утро.

Секој знае дека никој нема да се осмели да ја побара својата слобода освен доколку не е сигурен дека има зелени очи. Диктаторот бил присилен од странство да ви дозволи вам да го посетите островот и да им зборувате на заробениците, но постојат услови. Можете да дадете само една изјава и не може да им дадете нова информациј.

Како може да им помогнете на заробениците без да ги прекршите правилата на диктаторот?

По размислување им кажувате дека барем еден од нив има зелени очи. Диктаторот се сомнева, но е сигурен дека вашата изјава нема да смени ништо. Вие си заминувате и животот на островот продолжува. Едно утро, сто дена откако сте заминале, островот станува празен.

Претходната ноќ, сите затвореници побарале да си заминат. Како сте успеале да го надмудрите диктаторот?

Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура