X
 07.04.2016 Технологија

Лансиран долгоочекуваниот Huawei P9

Huawei P9 дебитираше во Лондон со двојна камера - повторно откривајќи ја фотографијата
кај паметните телефони во соработка со Leica


Новата Huawei Flagship алатка е комбинација на нови иновации, извонреден дизајн,
поставувајќи нови стандарди во фотографијата кај паметните телефони



Денес на ексклузивниот настан во Лондонскиот Battersea Evolution Center, беше лансиран долгоочекуваниот Huawei P9 на бизнис корисниците. Создаден во соработка со Leica, со двојната камера на P9 тие поставија нови стандарди во однос на фотографијата кај паметните телефони.

Huawei P9 е првиот паметен телефон кој соработува со светскиот култен бренд, Leica Camera АG. P9 има двојна камера на фото апаратот со што фотографирањето кај паметните телефони од сега оди чекор понапред достигнувајќи ново ниво, и со тоа им овозможува на корисниците да ги доловат и најживописните бои како и впечатливи црно-бели фотографии. Своето светско деби го доживеа и новиот B3 Talkband на Huawei кој e погоден за носење на зглобот од раката. Пионерскиот момент за гостите за време на настанот беше и првото претставување на ексклузивната ТВ видео најава на новиот спот за Huawei P9 во која глумат Хенри Кавил и Скарлет Јохансон, кои се глобални амбасадори на производите за серијата на Huawei P9.



Покажувајќи ја врската помеѓу двете светски ѕвезди во Шангај и во Холивуд, видеото го симболизира партнерството меѓу Huawei и Leica како и судирот на бојата и црно-белата техника. Кавил се приклучи на промоцијата на P9 заедно со легендарните фотографи Марија Макартни и Дејвид Гутенфелдер од National Geographic, како и извршниот директор на БиБиСи Глобал Вестите Џим Еган, претседател и главен извршен директор на Condé Nast Џонатан Њухаус, издавачот на Vogue за Кина Анита Чанг и членовите на одброт од Велика Британија за Huawei сер Ендрју Кан и Хелен Александар.

"Huawei е возбуден да им го овозможи на P9 корисниците најдобриот паметен телефон со фотографско искуство кое ги открива незаменливите можности на Leica, лидери во светот на фотографијата повеќе од 100 години", вели Ричард Ју, извршниот директор на Huawei за корисничката бизнис група. "Потрошувачите низ целиот свет ги користат своите паметни телефони за да прават милиони фотографии, секоја година, што го прави овој сегмент од клучно значење за корисничкото искуство. P9 корисниците сега можат да прават фотографии со неспоредлива јасност, богатство и автентичност, со мајсторски дизајниран и моќен паметен телефон кој изгледа и се чувствува неверојатно. "

Повторно откривање на фотографијата кај паметните телефони

Двете компании успеаа да ги интегрираат дизајнерските вредности и инженерската совршеност на Huawei и Leica во фотографскиот систем на паметен телефон, па така P9 ги има најдобриот хардвер и софтвер во својата класа, оптички леќи со сензори за обработка на сликата, алгоритми, овозможувајќи им на корисниците да креираат фотографии со највисок квалитет.

Клучот за суперлативните способности за фотографирање на P9 е дизајнот со двојна камера која целосно ја ослободува моќта на оптичката леќа на Leica, позната по својата прецизност и внимание на детали, и во согласност со најстрогите барања за скрининг квалитет во индустријата. RGB камерата на P9 е специјализирана за снимање на боја, додека монохроматската камера е извонредна во потенцирањето на деталите кај сликата. Двете задните камери на P9 работат во тандем за да им овозможат на корисниците да се создадат слики со супериорни детали, длабочина и боја. P9 навистина е осетлива при слаба осветленост, бидејќи двојната камера, гарантира повеќе светлина и секој детал може да биде фатен.

Секоја слика преземена од страна на P9 носи уникатна емоционална резонанца и вонвременост кои се заштитен знак на Leica, така што корисниците можат да изберат помеѓу три режими на филм: стандардна, живописни бои и рамномерен, во зависност од нивните лични преференци. Со прецизна калибрација на параметрите на фото апаратот на P9, секој режим филмот верно го прави со автентичната боја и стил на Leica. Со избирање на режимот за црно-бело, P9 корисниците можат да ги користат нивните уреди како вистинска монохроматска камера за снимање на моќни црно-бели фотографии со супериорен квалитет. Со имплементирање на хибридната фокус технологија на Huawei, P9 снима слики со супериорна брзина, точност и стабилност. P9 поддржува фокусирање врз основа на три методологии - ласер, длабочина на пресметка и контраст - и автоматски го избира оној кој дава најдобри резултати во која било дадена средина.

Функцијата со широка решетка на P9 им овозможува на корисниците да експериментират со иновативни визуелни ефекти за да се создаде единствена слика и содржина. P9 прави лесно да се прилагоди отворот за камерата за да се создаде „bokeh“ и други ефекти на длабочина на поле, додека го одржува главниот предмет со остар фокус.

"Leica и Huawei споделуваат бескомпромисна посветеност на квалитетот на сликата, и нашето партнерство ќе овозможи извонредната фотографија да биде на дофат на рацете на повеќе корисници во целиот свет", рече Оливер Калтнер, извршниот директор, Leica Camera AG. "Ние ја продлабочуваме нашата соработка за да им овозможиме на корисниците оптимален паметен телефон за фотографирање."

Индустрискиот дизајн на повисоко ниво

P9 е ремек-дело на уметноста на индустриски дизајн, со истиот минималистички пристап како и претходните производи на Huawei признати како предводници на P-серија на премиум смартфони. Секој P9 уред е совршена конструкција со супериорно 2.5D стакло и воздухопловна класа на алуминиум, со дијамантска прецизност во создавањето на рабовите со внимателно креирани облини.



Верзијата P9 со 64GB доаѓа во прекрасна и уникатна златна боја, поставувајќи нови индустриски стандарди во дизајнот, со користење на техники како метално полирање и микронска прецизност што креира проѕирна метална површина. Белата, керамичка верзија на P9 е побеспрекорна од бојата на каросеријата на автомобилите од премиум класата, рефлектирајќи светлина и различни нијанси на восхитувачко-инспиративна бои кои се менуваат, како што се менува амбиентот и условите во околината.

Моќта и изведбата

P9 е обезбеден со енергија, поврзување и брзина што денешните корисници ја очекуваат од Huawei. Со 5.2-инчен 1080p дисплеј, P9 се напојува од страна на новиот Kirin 955 2.5GHz 64-bit ARM-базиран процесор за водечки перформанси на мобилниот уред.

Батеријата со 3,000 милиампер часови им нуди на корисниците извонредна подвижност и траење. Huawei го претставува и моделот P9 Plus, со 5.5-инчен Press Touch дисплеј и поголема 3,400 милиамперска батерија. P9 Plus исто така нуди dual-IC Rapid полнење, овозможувајќи шест часа време на разговор по само 10-минутно полнење.

Со водечките способности на Huawei во индустријата на телекомуникациите, P9 и P9 Plus нудат незаменливи нови функции, вклучувајќи вградена виртуелена трипл-антена, наменета за корисници што имаат потреба од стабилна и лесна конекција на мобилна и Wi-Fi мрежа со цел максимално да ја искористат моќта на мобилниот интернет, без разлика каде се наоѓаат.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија