X
 19.04.2016 Образование

Илјадници кандидати погрешно известени дека се примени на факултет

„Универзитетот во Бафало искрено жали за оваа грешка.“


Државниот универзитет на Њујорк во Бафало случајно испратил писма за прием на над 5.000 кандидати кои сè уште не биле примени.

Универзитетот се извинил за грешката во петокот, тврдејќи дека „несреќната грешка во комуникацијата“ се случила кога се добила погрешна листа на електронски адреси од базата на податоци од кандидатите.

„Универзитетот во Бафало искрено жали за оваа грешка, како и секој стрес кој им го создал на студентите и семејствата кои ги добиле писмата“, пишува во официјалната изјава од универзитетот.

Тие додаваат дека знаат дека „ова може да биде стресно време за успешните студенти и нивните семејства“.

NBC News“ известува дека погрешно писмо добиле најмалку 5.100 кандидати. На сите им било испратено извинување во кое се објаснува за грешката неколку часа откако била забележана грешката.

Универзитетот изјавува дека студентите кои го добиле ова писмо сè уште се во трка за прием на универзитетот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование