Во рамки на кампања за собирање донации „Apps for Earth“, компанијата „Apple“ објави листа на често поставувани прашања поврзани со околината на официјалната интернет-страница.
Меѓу другото, во овие прашања, како што пренесува „
Гардијан“, компанијата дава информации за животниот век на своите електронски производи за првпат досега.
Одговарајќи на прашање за траењето на производите, тие пишуваат: „Животниот век на нашите производи, кој се пресметува од точката на прва употреба, е проценет на четири години за уреди кои работат на OS Xи tvOS, и три години за уреди кои работат на iOS и watchOS.“
Со други зборови, компјутерите на компанијата траат просечно четири години, а телефоните и таблетите околу три години од купувањето во продавница.