X
 29.04.2016 Култура

Најневеројатните моменти кои ни ги приреди "Game of thrones"

„Game of thrones“ е позната по тоа што знае да предизвика и тоа како силни реакции од гледачите. Од нејзината премиера во 2011 година до финалето од 5-та сезона минатата година, оваа серија постојано не` шокира - од нејзините сцени на силување и брутална смрт до инцестуозни односи, заговори, пресврти „Game of thrones“ успеа да создаде најневеројатни и најшокантни моменти во историјата на телевизијата.

 

1


Доколку случајно сте заборавиле, или пак намерно сте ги блокирале трауматските спомени, ви ги нудиме најшокантните моменти уште од почетокот на серијата.

Џејми го турка Брен од прозорецот, премиера на 1 сезона, „Winter is coming“

 




Моментот кога Серсеј Ланистер и нејзиниот брат беа фатени од Брен додека имаа секс. Поради тоа Џејми го турна Брен од прозорецот.


Денерис јаде срце од коњ, 1 сезона, 6 епизода „A golden crown“



Калиси за прв пат покажа колку се сериозни нејзините намери да седне на Железниот Трон токму со оваа постапка. Традицијата од Дотраки за време на бременоста имаше за цел да го направи нејзиното бебе посилно.

 


Висерис умира, 1 сезона, 6 епизода „A Golden Crown“




Не постои попоетска смрт од оваа. Кал Дрого му го даде крунисувањето кое Дени го заслужи.

 


Ужасната смрт на Маго, 1 сезона, 8 епизода, „The Pointy End“



Дрого можеби не траеше долго време, меѓутоа дефинитивно се покажа како личност на која секогаш ќе се сеќаваме, а доказ е токму оваа сцена.

 


Егзекуцијата на Нед Старк, 1 сезона, 9 епизода, „Baelor“



Шоуто покажа колку е безмилосно кога го уби главниот лик без „да трепне“. До ден денес, егзекуцијата на Нед Старк е една од најшокантните убиства во целата серија, а како дополнување на тоа, Џофри ја тера Санса да гледа во неговата глава набодена на колец.

 
Денерис оди низ огнот, финале од 1-та сезона, „Fire and blood“




Калиси ја покажува нејзината моќ кога се решава да влезе во огнот во кој гори мртвото тело на нејзиниот сопруг, со што се создаваат јајцата на змејовите и таа станува Мајката на змејовите.

 

Смрт со стаорци, 2 сезона, 4 епизода „Garden of Bones“

 

1



Планината и компанија го бараат Братството, па тие затвораат човек со цел да го мачат за да извлечат инфоррмации, на најлош начин - ставаат кофа полна со стаорци и држат оган на нејзиното дно, со што стаорците имаат само еден начин да избегаат.

Meлисандра раѓа демонска сенка, 2 сезона, 4 епизода, „Garden of bones“



Раѓањето на ова суштество беше многу полошо од било кое видео на кое е прикажано породување.

Демонската сенка го убива Ренли Баратеон, 2 сезона, 4 епизода „Garden of bones“

 

2


Злобниот план на Станис и Мелисандра успева - го убива Ренли вечерта пред битката против армијата на неговиот брат.

Теон Грејџој го обезглавува Родрик, 2 сезона, 6 епизода „The Old Gods And The New“




Сер Родрик, лојалниот слуга на Старк, умира од раката на човекот кој некогаш го тренирал.

Теон живи гори две невини момчиња, 2 сезона, 7 епизода „A Man Without Honor“




Кога за прв пат ги видовме телата на двете момчиња на портите од Винтерфел, мислевме дека се Брен и Рикон. Но, подоцна се покажа дека не беа, меѓутоа фактот што Теон уби две деца само за да докаже некоја цел е еднакво шокантно и болно.

Експлозијата на дивиот оган, 2 сезона, 9 епизода „Blackwater“




Немавме поима дека идејата на Тирион ќе биде толку гламурозно деструктивна. Експлозијата ги разнесе бродовите на Станис за време на оваа битка.

Денерис ги затвора Ксаро Ксоан Даксос и Дореа, финалето на 2 сезона „Valar Morghulis“

 

3


Кога Денерис открива дека нејзиниот љубовник и слугинка се одговорни за смртта на многу други луѓе и како и за киднапирањето на нејзините змејови, таа ги заклучува и ги остава да умрат сами.

Џејми Ланистер ја губи раката, 3 сезона, 3 епизода „Walk of punishment“



Толку ненадејно. Не сме сигурни што беше поболно - тоа што Џејми ја изгуби раката, или тоа што конечно почувствуваме сожалување за убиецот на кралот.

Ремзи го јади „колбасот“ на Теон, 3 сезона, 7 епизода „Bear and The Maiden Fair“




Можеби Теон е никаквец, меѓутоа перверзната тортура на Ремзи Болтон која кулминира во кастрација е болна работа.

Црвената свадба, финалето на 3 сезона, „The Rains of Castamere“

 

4


Дали има потреба да се каже нешто што досега не е кажано за Црвената свадба? Роб и Кејтлин Старк брутално убиени, без никакво наговестување, а уште потрагична беше смртта на Талиса која беше бремена.

Обезглавен Роб Старк, финалето од 3 сезона, „The Rains of Castamere“




Во случај да не ви се слоши доволно, хоророт на Црвената свадба продолжува со најлошата победа. Главата на волкот на Роб е сошиена за неговото обезглавено тело.

Портокаловата свадба, 4 сезона, 2 епизода „The Lion and the Rose“




Смртта на оваа свадба и не беше некоја голема трагедија, меѓутоа дефинитивно не` изненади. Доста заслужена смрт.

Литлфингер ја турка Лајса Арин, 4 сезона, 7 епизода „Mockingird“





Питер Бејлиш ја спасува Санса од Лајза пред таа да ја турне, кажувајќи ѝ дека нејзината сестра Кејтлин е единствената жена што некогаш ја сакал.

Смртта на Оберин Мартел, 4 сезона, 8 епизода „The Mountain and The Viper“




Искрено, не се потребни никакви зборови. Едноставно самата сцена и ужасната смрт на Оберин го кажуваат своето.

Умира Игрит, 4 сезона, 9 епизода „The Watchers on the Wall“



Совршеното време да се убие некој кога чекаш да умре друга личност во истата сцена.

Тирион го убива Тајви Ланистер, финалето од 4 сезона, „The Children“



Не е сон на секој човек да го убие својот татко, меѓутоа дефинитивно овој сон на Тирион и тоа како се реализира. Слатка, слатка одмазда.

Емон открива дека е Таргариен, 5 сезона, 5 епизода, „Kill the boy“




Ова е последната личност за која би помислиле дека има кралско потекло.

Рамзи убива жена на најбрутален начин, 5 сезона, 7 епизода „The Gift“



Кога на Ремзи не му се допаѓа некој тој ја мачи, силува или убива оваа личност. Затоа знаевме дека ќе ѝ се случи нешто лошо на жената која се обиде да ѝ помогне на Санса.

Станис ја убива својата ќерка, 5 сезона, 9 епизода „The Dance of Dragons“




Дали некој помисли дека ќе го промени мислењето во последниот момент? Убиството на сопственото дете со горење е едно од најмноструозните нешта направени на шоуто.

Брен конечно достигнува до дрвото, финалето од 5 сезона „Мother's Mecy“


трон



После барање и страдање, Брен конечно го пронаоѓа мистериозното дрво од визиите на Рид. Запознајте ги Децата на шумата.

Арја ослепува, финалето од 5 сезона, „Mother's Mercy“




Поради непослушност и поради казна, Арја ослепува.

Смртта на Џон Сноу, финалето од 5 сезона, „Mother's Mercy“



Смртта на Џон Сноу е нешто што никој, апсолутно никој не го очекуваше.


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура