X
 06.05.2016 Наука

Американските научници добија дозвола за оживување на мртвите луѓе

Американските научници добија дозвола за оживување на мртвите луѓе, односно регенерирање или замена на мозокот.

 

америка


Двете компании, „Bioquark inc“ и „Revita Life Science“ ќе го започнат нивното истражување во оваа област, со дозвола на американските власти. При првичните тестови, ќе користат „шарена“ серија на техники на 20 субјекти за да утврдат дали телото ќе покаже било каков знак за регенерирање или пресврт во состојбата на мозочна смрт.

Групата научници кои стојат позади тестот се надеваат дека ќе успеат да пронајдат начини како да ги одржат во живот луѓето чиј мозок е прогласен за мртов. Наредниот чекор ќе биде „одгледување“ на нов мозок со што ќе им помогнат на „поранешните мртвоци“ да ја преболат оваа траума.

Компаниите кои се занимаваат со ова наведуваат дека науката, моментално не може да го регенерира мозокот но некои други живи видови можат да го направат тоа. Некои риби и водоземци се во можност да се регенерираат, а потоа да го „реконструираат“ поголемиот дел од мозокот, дури и после траума опасна по живот. Ако научниците успеат да го регенерираат мозокот, и повторно да го поврзат со останатиот организам, тоа би можело да помогне во оживување на мртвите. Тие се надеваат дека некоја слична постапка би можела да им помогне на луѓето кои се во кома или патат од невролошко дегенеративни болести како што се Алцхајмерова или Паркинсонова, да се чувствуваат подобро доколку не успеат да ги вратат луѓето од мртвите.

Иако многу работи се направени за спречување на брз смрт, односно за продолжување на животот, малку е направено кога станува збор за враќањето на луѓето назад во живот, после мозочната смрт. Оваа состојба на медицинска основа се дефинира како неповратна, и ваквите личности технички повеќе не се живи, и покрај фактот што во нивните организми продолжува да циркулира крв, да вари храна, да излачува телесни течности итн.

Неодамна беше потврдено дека кај луѓето чии мозоци неодамна починале понекогаш делува крвотокот, и дека поседуваат електрични гнезда на активности во самиот мозок, но не се доволни за интегрирано функционирање на целото тело, тврдат научниците.

„Возбудени сме поради одобрувањето на нашиот протокол и дозволата да се обидеме да ги оживееме мртвите“, изјави Ира С.Пастор, директор на „Bioquark inc“.

Истражувањето на официјалната страна на американската влада се опишува како доказ за концепт кој ќе користи серија на техники за да се обиде да ги врати субјектите во живот. Во ова ќе биде вклучена и техниката на матични клетки и ласери.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука