X
 18.05.2016 Живот

Што ќе се случи ако не го исклучите телефонот при летање?

Секогаш кога летате, слушате предупредување дека треба да го исклучите својот мобилен телефон. Меѓутоа, што ќе се случи доколку не го исклучите?


Авионот нема да се сруши, не грижете се. Нема ниту да влијаете на оперативниот состав на авионот, ниту на сигналите за комуникација. Меѓутоа, тоа што ќе се случи е дека ќе му предизвикате главоболка на пилотот.

Имено, она што се случува кога патниците ги оставаат мобилните телефони вклучени е слично на она кога го оставате мобилниот телефон во близина на телевизор или радио и некој ви се јавува.

Пилотите во слушалките, освен витално важните информации во комуникацијата со контролните кули, слушаат и постојано зуење доколку патниците не ги исклучиле телефоните.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот