X
 14.06.2016 Култура

Разликите меѓу луѓето на западот и оние кои живееле во комунизам

Професори од универзитетите во Марбург и Билефелд спровеле истражување заедно со Европската централна банка со кое ги споредиле личностите на 5.000 западни и источни Германци.


Целта на истражувањето била да проверат на кој начин влијаел животот на граѓаните на ДДР во земјата во која во период од неколку децении надгледувале државните служби. Германците кои од 1989 живееле на истокот пополнувале прашалници од 2005 до 2010 година. Со овие прашалници професорите ги истражувале карактеристиките на нивните личности.

Според резултатите, поранешните источни Германци се исклучително посовесни во однос на западните сонародници, но и истовремено многу поисплашени и помалку склони кон новитети. Авторите на истражувањето објаснуваат што влијаело на таквото психолошко обликување на жителите во источниот дел. Тие велат дека источните Германци се посовесни од оние на западот затоа што секогаш морале паметно да се организираат во тешките услови.

„Многу морале да ги следат насоките и правилата без право да поставуваат било какви прашања“, пишува во истражувањето.

Креативноста, индивидуалноста и прифаќањето на новото биле уништени за источните Германци од постојаните закани, следењето, а во најлош случај и затворот. Тие морале да се трудат да привлечат што помалку внимание на себе. Поради тоа, источните Германци и денес е загрижени, имаат стравови, па дури и се емоционално понестабилни од западните Германци.

Од Берлинскиот слободен универзитет сметаат дека разликата која постои дури и 27 по обединувањето на Германија покажува дека дека станува збор за последица на животот по обединувањето, односно дека источните Германци денес имаат последици бидејќи нивните региони со образованието, економијата и квалитетот на животот и денес се помалку развиени од западот на Германија.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура