Во 1986 година романскиот диктатор Николае Чаушеску ја избрал малата заедница Васлуј за новата престолнина на округот бидејќи Барлад, најголемиот град во регионот, бил родно место на неговиот поранешен ривал Георгиј-Деж.
Чаушеску не можел да си дозволи себеси да му го даде тоа задоволство на Деж. Од каприц, тој ја избрал малата заедница Васлуј и за само пет години ја претворил во напредна регионална престолнина. Во доста краток период во градот биле преселени голем број луѓе. Комбинацијата од комунизмот и инаетот на Чаушеску предизвикаа одлична архитектура, индустрија, училишен систем и греење во Васлуј.
Проектот „Комунистички Васлуј“ се занимавал со реставрирање на стари архивни фотографии и снимки. Андреј Бешлију, уметничкиот директор е позади овој проект, а тој бил роден и пораснал во Васлуј.
„Растев за време на 70-тите и 80-тите години кога од напуштен град со 17.000 жители Васлуј се претвори во престолнина со 90.000 жители. Моите родители работеа на Институтот за дизајн и свесен сум колку напорно работеа за ова место да го направат убав и функционален град. Но видов како целиот труд беше уништен од локалните власти во текот на 90-тите“, раскажува тој.
„Во текот на 70-тите беше популарен град. Многу луѓе од Букурешт и други големи градови беа приморани да се преселат во градови како Васлуј, што за нив беше тажно, но тоа помогна во растењет она регионот. Градот произведуваше облека за Италија и мебел за ИКЕА. Моите родители правеја клучни журки за локалните архитекти и уметници. Но, во текот на 90-тите, повеќе немаше пари за интелектуалците кои беа сместени во градот. Економијата, културата и развојот на градот беа вештачки. За да се развијат овие работи потребни се неколку генерации да пуштат корени, тоа не се случува после 20 години форсиран урбан живот. Никој не вложуваше и популацијата се преполови, а оние кои останаа станаа евтина работна сила за западните земји. Градоначалникот се труди да го обнови некогашниот сјај на градот и прави одлична работа. Но се надевам дека овој проект ќе му помогне на градот“, додава Андреј.
Линк до галеријата.