X
 23.06.2016 Образование

На кое место се наоѓа Македонија на мапата на интелигенција?

Според информациите со кои располага веб страната „PC Freak“, сега го знаеме поредокот на најинтелигентните нации во светот за 2016 година.

 

1


Поредокот се формира според просекот на коефицентот на интелигенција, а нумерирани се вкупно 43 позиции. На првите четири места се наоѓаат Сингапур (108), Јужна Кореја (106), Јапонија (105) и Италија (102), додека петтото место го делат Исланд и Монголија. Швајцарија е седма заедно со Кина, Австрија, Луксембург, Холандија, Норвешка и Велика Британија (100), а од земјите во регионот најдобро е рангирана Словенија на 11 место, Србија е на 18 место, Хрватска, Босна и Херцеговина и Албанија го делат 17-то место.

Нашата земја е меѓу подобро рангираните од регионот и се наоѓа после Словенија, на 16-то место со IQ 91. Словенците имаат просечен IQ 96, Босанците, Херцеговците, Албанците и Хрватите 90, а Србите 89.

Северна Кореја не е рангирана, односно не постојат официјални податоци за коефицентот на интелигенција.

Најлошо рангирани земји се Камерун, Габон, Мозамбик со просечна интелигенција 64, Света Луција со 62 и Екваторска Гвинеја со просечен коефицент на интелигенција 59. 

 

inteligencija

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование