X
 16.01.2026 Образование

УКЛО КОЛОРС – вредности што се живеат: Од дебата до движење – здравите избори на младите се иднината на заедницата

Во духот на вредностите што ги негува КОЛОРС алијансата – инклузија, младинска активност, одговорност, образование и грижа за заедницата, свое место имаат инспиративни работилници за здрави животни навики. Една од нив, на тема „Здрави животни навики – вистински пат кон свесни личности“, одржана е во соработка со СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола и Танцовиот спортски клуб „Степ Ап“.

1

Студентскиот информативен центар на УКЛО обедини млади луѓе од средното образование и од универзитетот, наставници, професори и претставници од локалната заедница. Фокусот беше ставен на создавање здрави, активни и свесни личности – млади кои преку спорт, правилна исхрана, музика и култура ќе ја градат својата самодоверба и одговорност кон заедницата.

Mенторката на средношколците и една од соработниците на УКЛО, професорката Мирјана Лозановска, истакнува дека ваквите активности се клучни за развивање критичко мислење и иницијатива кај младите: „Учениците беа мотивирани да го кажат својот став, да го поддржат со аргументи и да дебатираат за вистинските вредности на здравиот живот. Заеднички заклучивме дека ваквите активности ги поттикнуваат младите да размислуваат, да се насочат кон спорт, музика, здрава храна и одговорност кон себе и околината.“

2

Учесниците беа поделени во четири групи – млади, образовни институции, бизнис-сектор и локална самоуправа – со цел да се разгледа темата од повеќе аспекти. Во фокусот беа актуелни прашања - колку образовните институции навистина влијаат врз младите да ги применат стекнатите знаења во секојдневниот живот, какви програми нудат училиштата и универзитетите за промоција на здрави животни навики и како бизнис-секторот и локалната самоуправа можат да поддржат здрави младински иницијативи и активности? Заедничкиот заклучок е дека семејството е клучниот фактор во формирањето здрави животни навики, но дека младите сами треба свесно да ги прифатат позитивните влијанија кои доаѓаат од образованието, спортот и општеството.

Младите учесници од СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола изразија задоволство што имаат можност активно да се вклучат во ваков тип настани, каде што нивното мислење е слушнато и вреднувано. Според нив, ваквите работилници им овозможуваат да размислуваат поинаку за секојдневните навики, да научат како преку спорт, танц, исхрана и позитивно размислување можат да го подобрат своето здравје и расположение. Тие посочија дека се чувствува поголема поврзаност и со професорите и студентите како нов момент на комуникација, а особено им значи можноста да ги споделат своите идеи и искуства со повозрасни колеги кои ги мотивираат со личен пример.

3

Работилницата по принципот на современи настани доби дополнителна вредност – дебатата вклучи и движење. Имено, збогатувањето опфати практична демонстрација од страна на ТСК „Степ Ап“ со настап на танчари кои го претставија танцот како форма на спортска активност што ја поттикнува физичката подготвеност, самодовербата, социјализацијата и радоста на движењето.

Во духот на КОЛОРС Алијансата, која ги слави различноста, младинскиот ентузијазам и свесниот животен избор, ваквите иницијативи претставуваат важен чекор кон изградба на зрело, одговорно и инспирирано општество.

Во очекување на следен настан - соработка меѓу студентите од УКЛО и нивни помлади колеги - средношколци, со професори и ментори, се очекува и во новата година да ја афирмира посветеноста и заложбата за промоцијата на здрав и балансиран животен стил меѓу младите бидејќи придонесува за правилен физички и ментален развој, превенција на болести и подобро секојдневно функционирање. Истовремено, помага во создавање долгорочни здрави навики и градење поздраво општество.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование