Секоја година се фрла околу една третина од храната произведена за човекот, од што најголем дел се овошје и зеленчук, односно околу 1,3 милијарда тони.
Но, Елзелинд ван Долевирд и Вита Броекен, две девојки од Холандија, нашле начин како да го претворат отпадот во храна. Тие ја основале компанијата „Аппринтинг фуд“ и користат 3Д-технологија за да го претворат отпадот во храна. Притоа тие најмногу користат леб бидејќи тоа е отпад број еден во Холандија.
Најпрвин прават паста од лебот, додаваат разни состојки и потоа шприцот го полнат со пастата, која потоа ја вшприцуваат во 3Д-печатачот. Откако ќе бидат направени разните форми, тие се печат додека не добијат текстура на колаче, а конечниот производ е крцкав и вкусен.
Двете млади претприемачки својот проект го претставија кон крајот на минатата година, а меѓу нивните цели е и да им помогнат на рестораните одново да ја користат храната што
планираат да ја фрлат.