X
 13.08.2016 Култура

Како да оставите добар впечаток кај вашите нови колеги?

Првиот впечаток е доста важен, особено кога започнувате да работите на ново работно место и се среќавате со вашите нови колеги за прв пат.

 

колеги


Ова се луѓето со кои ќе го поминувате поголемиот дел од работните часови - луѓе со кои ќе соработувате на проекти, ќе јадете, пиете кафе.

Имате само една шанса за да оставите прв добар впечаток, и сакале или не, првиот впечаток е доста важен. Како ќе се претставите себеси во првите неколку минути, па дури и секунди има огромно влијание, а ако тоа е вашиот прв работен ден, тогаш треба да имате во предвид дека луѓето ве анализираат исто како под микроскоп.

Затоа е важно да оставите добар впечаток и да ги освоите новите колеги. Ова се неколку начини на кои можете да го направите тоа.

1. Пристигнете на време (или порано)
- Покажете почит кон вашите нови колеги и пристигнете навреме. Ова ќе покаже дека сте одговорни.

2. Немојте да бидете недруштвени -
Добро би било ако сте срамежлива личност да го оставите срамот дома, и на работа да пристигнете со добра насмевка и позитивен став.

3. Претставете се себеси - Не чекајте новите колеги да ви пријдат. Преземете ја иницијативата и претставете се себеси. Вашите колеги ќе го ценат напорот.

4. Немојте само вие да зборувате - Прашувајте прашања и слушајте. Лесно е да зборувате за себеси особено кога сте во нова средина. Оставете ги вашите колеги да кажат нешто и покажете интерес.

5. Не им пречете на оние кои се доста зафатени
- Ако некој ви изгледа доста зафатено, тогаш не го прекинувајте. Подоцна претставете се и запознајте се.

6. Поканете ги на кафе или на ручек - Нема ништо лошо во одењето на кафе или на ручек, спротивно, подобро ќе ги запознаете и нив и компанијата за која работите.

7. Не одбивајте понуда за кафе или ручек - Ако некој ве покани на кафе или на ручек, прифатете.

8. Покажете колку сте возбудени поради тоа што ќе се приклучите на тимот - Колегите често пати новите колеги ги сметаат за закана. Затоа потребно е да покажете колку сте возбудени и благодарни што ќе имате можност да работите со овие неверојатни луѓе.

9. Покажете ја вашата посветеност - Демонстрирајте го вашиот успех, работете напорно. Не мора да се претставувате како жртва, туку осигурајте ги вашите колеги дека стоите позади нив.

10. Не се правете дека знаете се' -
Ова е добро правило кое треба да го имате во предвид и не само на првиот работен ден.

11. Понудете ја вашата помош - Понудете се за помош. Покажете им на колегите дека сакате да им помогнете и изградете репутација на тимски играч.

12. Бидете достапни -
Немојте да заминувате далеку подолго време, претпоставувајќи дека сте нови и дека не сте потребни никому. Бидете достапни за луѓето.

13. Избегнувајте да се жалите - Што и да се случи немојте да се жалите на првиот ден. Одржувајте позитивен став, а ако некој дојде да ви се жали немојте да се согласувате со него само за да се поврзете со оваа личност.

14. Бидете заинтересирани за улогите на колегите -
Откријте која е позицијата на секоја личност. Поставувајте прашања за нивната улога и покажете дека сте заинтересирани да научите повеќе.

15. Учествувајте - Ако сте поканети на состаноци, учествувајте во нив. Вашите колеги ќе го ценат она што ќе го кажете.

16. Немојте да се трудите премногу да ги импресионирате колегите
- Секако, учеството и придонесот со идеи како и нудењето решение се работи кои ќе сакате да ги направите првиот ден, меѓутоа немојте премногу да се истакнувате бидејќи може да оставите впечаток дека премногу се трудите.

17. Бидете пријателски настроени и професионалци кон сите - Немојте да си дозволите да имате омилени личности уште првиот ден. Дајте им шанса на сите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура