X
 14.08.2016 Култура

Најкреативните претприемачи за 2016 година

Претприемништвото е движечка сила на слободниот пазар на капитализмот која се смета за високо квалитетна. Големиот интерес во бизнис иновациите влијае врз модерната бизнис клима и се претвора во трка за иновациско оружје.

 

pretpriemaci


Кауфман индексот за претприемништво ја мери стапката на раст на компаниите, уделот на бизнисите и густината на високиот раст на приходите на компаниите. Индексот се зголемува секоја година помеѓу 2013 и 2015, а 2016 година изгледа и тоа како ветувачка. Некои претприемачи веќе водат во нивното поле и имаат мултимилионски успех. Други пак, се на работ на револуционизирање на нивните индустрии.

Тимотеј Хванг, Џералд Јао и Џонатан Чен

Хванг, Јао и Чен создадоа уникатен извор за сите професионалци кои се справуваат со нови закони и прописи. Нивната компанија, „FiscalNote“ ги анализира ризиците на владата преку комерцијален код кој може да помогне во предвидувањето на претстојните сметки и регулаторните пакети; нивниот софтвер ги проверува законите во Америка и Колумбија. Познати инвеститори се поранешниот извршен директор на „Yahoo“, Џери Јанг и Марк Кјубан.

Илон Маск

Иако за повеќето е клише споменувањето на Илон Маск, пронаоѓач и инвеститор. „Теsla Motors Inc“ имаше свои подеми и падови. Електричните автомобили повеќе не се шокантни новости, меѓутоа иновациите на Маск за 2016 година се за неговиот бизнис модел,  а не неговата технологија.  „Tesla“ изгуби повеќе од 700 милиони долари во текот на операциите во 2015 година и се бори да ги достигне очекувањата на инвеститорите, меѓутоа сепак има понуда од 283 милиони долари во депозити на клиентите за автомобили кои можеби нема да бидат доставени во период од три години. Оваа компанија го заобиколува традиционалниот модел на автомобили и генерално го избегнува медиумското рекламирање, меѓутоа инвеститорите и потрошувачите се и тоа како заинтересирани за неа.

Мајкл Натенсон

Претприемачот Натенсон соработува со инвеститорот „Finn Capital Partners“ за да му помогне на својата компанија „Marine Layer“ да пронајде место на пазарот. Компанијата користи своја уникатна ткаенина направена од памук и буково дрво. Проектот му овозможи на „Marine Layer“ 150 милиони долари.

Сара Краус

Сара Краус го создаде брендот „S'well“, компанија за шишиња, со цел да помогне во чистење на животната средина. Започнувајќи со само 30.000 долари таа успеала да ја прошири својата продажа преку Фејсбук. Во 2011 година, кога Опра го промовира нејзиниот производ, работите тргнале нагоре. Во 2016 година нејзината компанија создала шишиња кои ја одржуваат водата ладна и топла. До јуни нејзиниот бизнис достигна повеќе од 100 милиони во продажба.

Дени Кабрера и Рикардо Солорзано


Кабрера и Солорзано се иноватори кои ја основале „BioBots“, компанија за 3D печатари. Наместо да печатат статуи и предмети, тие печатат човечки клетки. „Вашиот печатар дома има различна боја на полнења; нашиот сон е да ги имаме истите опции но за кожа, бели дробови и ткива на црн дроб“, велат сопствениците на компанијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура