X
 22.08.2016 Технологија

Што се` Фејсбук знае за вас?

Социјалната мрежа Фејсбук знае за вас многу повеќе отколку што мислите. Како дел од својата агресивна политика на рекламирање, Фејсбук ги следи вашите „чекори“ на интернет, собирајќи ваши лични податоци и податоци за вашите најголеми настани во животот како и вашите интереси.

 

фб


Дали сте во брак? Дали си дојдовте од одмор? Дали планирате да забремените? Сето ова се работи кои Фејсбук ги знае за вас доколку сте поставиле нешто поврзано со сето ова. Тука се и работите кои не ги поставувате на оваа социјална мрежа, а кои сепак ѝ се познати на компанијата.

Еве што се' Фејсбук знае за вас:

Локација
Години
Генерација
Пол
Јазик
Ниво на образование
Поле на интерес
Училиште
Етничка припадност и афинитети
Вредност на приходи и имот
Сопственоста на имотот и вид на недвижен имот
Вредност на имотот
Големина на имот
Големината на куќа /стан/викендичка
Кога имотот бил изграден
Составот на домаќинството
Корисници кои имаат годишнина во следните 30 дена
Корисници кои живеат надвор од домот или семејството
Корисници кои се дружат со некој кој има годишнина или неодамна стапил во брак или пак неодамна се пресели на друга локација или има роденден наскоро.
Корисници кои имаат долга врска на далечина
Корисници кои имаат нова врска
Корисници кои имаат нов бизнис
Корисници кои неодамна се свршиле
Корисници кои само што стапиле во брак
Корисници кои имаат само се преселил
Корисници кои наскоро ќе слават роденден
Информации за родителите
Информации за тоа дали наскоро ќе станат родители
Дали сте мајка и која е вашата област на интерес
Корисниците кои ќе влезат во политиката
Дали сте конзервативци или либералци
Брачен статус
Дали сте вработени
Дали сте дел од индустрија
Кое е вашето работно место
Дали работите во канцеларија
Кои се вашите интереси
Корисниците кои имаат мотоцикли
Корисниците кои планираат да купи автомобил (тип, марка и колку пари)
Корисници кои планираат да купуваат делови од автомобили
Корисници на кои им се потребни автомобилски делови
Што автомобил возите (тип и марка)
Годината кога сте купиле автомобил
Колку е стар вашиот автомобил
Колку пари планирате да потрошите за купување на автомобил
Од каде ќе купи автомобил
Колку вработени има вашата компанија
Корисници кои имаат мал бизнис
Корисници кои управуваат или се менаџери
Корисници кои се донатори
Кој оперативен систем го користите
Дали играте игри и кои
Корисници кои имаат конзоли за видео игри
Корисници кои на Фејсбук создале животен настан
Корисници кои го користат Фејсбук за плаќање
Луѓето кои трошат повеќе од просекот за плаќање на некои услуги
Корисници кои управуваат со одредени Фејсбук групи
Корисници кои неодамна поставиле фотографии
Кој прелистувачот го користите
Кој e-mail сервис го користите
Дали сте љубител на технологијата
Дали сте емигрант
Дали користите народна банка или регионална банки
Дали сте инвеститор
Бројот на кредитни линии
Корисниците кои се активни корисници на кредитни картички
Тип на кредитна картичка
Корисниците кои имаат дебитна картичка
Корисници кои го одржуваат балансот на кредитните картичка
Корисници кои слушаат радио
Омилени ТВ програми и емисии
Корисниците кои имаат мобилни телефони
Вид на интернет конекција
Корисниците кои неодамна купиле паметен телефон или таблет
Корисниците кои имаат пристап на интернет преку таблет или паметен телефон
Корисници кои користат купони за купување
Каков вид на облека ви се допаѓа
Кога купувате најмногу
Дали често купувате вино, пиво или друг алкохол
Дали купувате намирници и кој вид
Корисниците кои купуваат производи за разубавување
Корисниците кои купуваат лекови и видот на лекови
Дали сте член на семејството кој троши најмногу
Колку пари трошите на производи за деца и домашни миленици
Дали купувате онлајн
Видови на ресторани кои ги посетувате
Видови на продавници во кои купувате
Колку време поминувате во вашиот дом
Дали наскоро ќе се преселите
Дали сте заинтересирани за Олимписките игри, фудбал
Дали често патувате
Дали патуваат за бизнис или за задоволство
Дали ќе патувате за бизнис
Каков вид на одмор сакате
Дали неодамна сте пристигнале од одмор
Дали користите апликации за патување
Со кој патувате
Дали трошите многу за патување и колку
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија