X
 26.08.2016 Образование

Близу 1.700 кандидати во првиот уписен рок на УГД

Интересот за студирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ е според очекувањата. Близу 1.700 кандидати се пријавиле само во првиот уписен рок, што претставува одличен показател дека УГД е главен избор на голем број средношколци во државата.



- Во текот на следните два до три дена ќе започне запишувањето на пријавените кандидати. Бројката е доста охрабрувачка за Универзитетот. Во споредба со минатата година бројките се скоро исти. Најмногу интерес има на Факултет за медицински науки и на Факултетот за туризам и бизнис логистика, а некои факултети, како на пример Факултетот за образовани науки, ќе побараат проширување на квотата заради некои специфики. На 25 и 26 август примените кандидати ќе се запишуваат, но овие датуми се и за пријавувања за вториот уписен рок.  На веб-страницата на УГД веќе е објавен Конкурсот за вториот уписен рок, а кандидатите треба да ги изберат своите опции за студирање - истакна проректорот за настава доц. д-р Кирил Барбареев.

За вториот уписен рок е отворена можноста за електронско пријавување, со што на кандидатите значително им се олеснува целиот процес. Во исто време кога ќе се одвива вториот уписен рок ќе се запишуваат и примените кандидати од првиот рок. Потребните документи за запишување се објавени на веб-страницата на УГД.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование