За генијот Алберт Ајнштајн е постои верување дека не бил најдобар во училиште, дури дека бил под просечните студенти со успехот и дека почнал да се истакнува надвор од училиштето. Но пронајден е многу редок
ракопис кој служи како доказ дека Ајнштајн не само што бил добар ученик, туку и дека покажувал знаци дека има потенцијал за гениј.
Просечниот успех во овој сертификат на Ајнштајн е 5, што се евалуирало како „добро“, а во тој систем на оценување најдобра оценка била 6. Во сертификатот стои дека генијот имал оцена 6 по алгебра, геометрија, физика и историја. За предметите за кои веројатно немал многу интерес бил пониско оценуван.
Веројатно урбаниот мит за просечноста на Алберт Ајнштајн потекнува од фактот дека во швајцарскиот систем на оценување 6 е најдобра оцена, а 1 најмала, додека во германскиот е сосема обратно. Патем, тој учел во швајцарско, а не во германско училиште (како што е општо познато). Ајнштајн немал добри оцени во лингвистичките предмети. Но со најдобри оценки во природните науки на само 17 години, веќе покажал јасни знаци кон што е ориентиран неговиот потенцијал. Значи, дефинитивно шпекулациите дека тој се откажал од училиштето се неточни.
(содржина на сертификатот)
Советот на образованието на Кантон од Аргау сертифицира:
Г-н Алберт Ајнштајн од Улм, роден на 14 март 1879, го посетувал Кантонското училиште од Арагау, имено III и IV клас од Комерцијалното училиште.
По писмен и устен матурски испит на 18, 19 и 21 септеври и на 30 септемри 1896, тој ги добива следните оценки:
1. Германски јазик и литература: 5
2. Француски јазик и литература: 3
3. Англиски јазик и литература: --
4. Италијански јазик и литература: 5
5. Историја: 6
6. Географија: 4
7. Алгебра: 6
8. Геометрија (планиметрија, тригонометрија, стереометрија и аналитичка геометрија): 6
9. Описна геометрија: 6
10. Физика: 6
11. Хемија: 5
12. Природна историја: 5
13. Во цртање: 4*
14. Во техничко цртање: 4*
*Се смета перформансот во текот на годишниот курс.
Врз основа на ова нему му се издава сертификат за матура.
Арау, 3 октомври 1896.
Во името на Советот за образование,
Претседател:
Секретар: