X
 06.09.2016 Култура

Светот според Доналд Трамп

Погледот на светот според Доналд Трамп е често пати предмет на интензивна дебата. Мапите се секогаш добри за визуелизација, а бугарскиот уметник Јанко Цветков одлично го знае тоа.

 

tramp


Неговите мапи кои изобилуваат со „глобален стереотип“ станаа толку популарни што тој успеал да ги објави неговите сатирични слики во две книги, а неодамна и една iBook наречена „Atlas of Prejudice: The Complete Stereotype Map Collection“.

Овој пат, Цветков ни прикажува интересна мапа на светот според Доналд Трамп. Во мапата тој ги вметнал сите чувства на Трамп - како на пример кога изјави дека ќе забрани влез на сите муслимани во Америка, бидејќи тие се закана за безбедноста, како и изјавата со која имплицира дека сите Мексиканци се силувачи.

„Кога Мексико ги испраќа своите луѓе, оваа земја не ги испраќа најдобрите. Не ве испраќаат вас. Тие испраќаат луѓе кои имаат многу проблеми и кои своите проблеми ни ги носат токму нам. Тие носат дрога. Криминал. Тие се силувачи. А дел од нив, претпоставувам, се добри луѓе“.

„Време е да се соочиме со работите онакви какви што се: Трамп, и неговиот потенцијал како бизнисмен, всушност има менталитет на рурален алкохоличар чие единствено искуство со политичката дебата започнува и завршува во еден локален паб. Ако сте чувствителни и ако лесно простувате, тогаш можете да го замислите како расистичкиот вујко за кој се грижите бидејќи длабоко во неговото срце тој е добра личност. Кога човек е идиот тогаш оправдани се неговите идиотски дела. Но кога човек е паметен, а се однесува како идиот, тогаш ништо не може да го оправда“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура