X
 26.09.2016 Култура

Замислете да гледате филмови во оваа удобна кино сала

“Tulikino“ e името на ова забавнo и шарено кино, кое се наоѓа во градот Шаморин во Словачка, а е дело на дизајнерот Мајкл Сташка. Салата во која има 100 достапни седишта, се дел од мултикомплексот “x-bionic®sphere“, наменет за забава и за разновидни забавни активности. Тие 100 седишта се сѐ само не типични седишта за гледачите.


забавно кино


Светлите бои во форма на големи перници, всушност се столици што наликуваат на вреќи, дизајн на словачкиот бренд “Tuli“ од Братислава. Цветниот интериер е дизајниран за младата публика, која сака да се смести удобно во креативно уредениот простор.

Ѕидовите на киното се обложени со шарени панели, кои личат на перници, со чија помош се подобрува акустиката.


Словачка


Местата во киното се меѓусебно одделени со шарени делови кои им овозможуваат на гледачите приватност, а на страните се наоѓаат лесно подвижни контејнери за оставање на пијалаци и пуканки.


шарено кино


Сигурно би се сложиле дека би уживале во јадење на топли пуканки, гледајќи култен филм во оваа необична кино сала.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура