X
 11.10.2016 Култура

Одговорот на Бертранд Расел на фашистичката провокација

„Емоционалните универзуми што ги населуваме се толку различни, и коренито спротивни, така што никаков плод, ништо искрено не може да произлезе од поврзаноста меѓу нас.“


Бертранд Расел


„За да бидете убедливи во пристапот кон некого, мора да имате раширени раце и дигната глава, но рацете не можат да ви бидат отворени, ако ви е сведната главата“, напишал авторот Амин Малуф како одраз на начинот како да не најдеш заеднички јазик. Ова е лајтмотив на денешното живеење во раскол предизвикан од конфликтните гледишта, па љубезното и одмерено несогласување се појавуваат како врвна умешност на живеењето.

Вештината како да се постапи во реактивна култура, преку соединување на моралните убедувања и духот на добрата волја кои се неопходни за уважување на други гледишта со цел да се развијат сопствените, претставува Херкулски подвиг. 

Сепак, постојат случаи кога е нездраво да се вклучиме во полемика со некој чии ставови се противречни на нашите, бидејќи соочувањето може да биде погубно за здравиот разум, наспроти неизгледните шанси да се изгради зедничко тло. Умешноста да се препознаат таквите случаи и навременото повлекување од рингот се чин на морална храброст, а не морална слабост. Бертранд Расел успеал да ја артикулира оваа тешка храброст во манир на интелектуална елеганција и морална милост.  

Во јануари 1962 година, Бертранд Расел примил серија писма од невообичаен дописник, Сер Освалд Моусли, основачот на Британскиот Сојуз на Фашисти. Моусли го повикувал, или подобро – го провоцирал Расел да се вклучи во дискусија, во која би го убедувал моралниот философ за доблестите на фашизмот. Одговорот на Расел, што, патем е составен дел од одличната биографија на Роналд Кларк, The life of Bertrand Russell, претставува манифест за правото да не се вклучува во дискусија со собеседник кој има морални несогласувања со сопствените, така што учеството би било на штета на здравиот разум.

Извесно време пред својот 90-роденден, Расел напишал:

„Почитуван г-не Освалд,

Ви благодарам за Вашето писмо и за Вашето внимание. Размислував за нашата неодамнешна преписка. Секогаш е тешка одлуката како да им се одговори на луѓе чијашто етика е толку туѓа и одбивна на сопствената. Не сакам да се извлечам од реакција на Вашите ставови, туку сакам да Ви предочам дека секој грам од мојата енергија е посветен на активно опонирање на суровиот фанатизам, компулсивното насилство и садистичкото прогонство со кои се карактеризираат филозофијата и парадигмата на фашизмот.  

Чувствувам обврска да кажам дека емоционалните универзуми што ги населуваме се толку различни, и коренито спротивни, така што никаков плод, ништо искрено не може да произлезе од поврзаноста меѓу нас.

Би сакал да ја разберете жестината на моето убедување. Не сакам да бидам груб кон Вас, но Ви кажувам бидејќи ги вреднувам човечкото искуство и човечкото достигнување.

Срдечно,
Бертранд Расел“  

 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура