X
 20.05.2025 Наука

Колку часови сон се потребни за да бидете здрави? Одговорот може да ве изненади

Сонот е клучен за здравјето. Некои од негативните здравствени ефекти што се припишуваат на премалку сон вклучуваат дебелина, дијабетес, хипертензија, срцеви заболувања, мозочен удар, депресија, нарушена имунолошка функција, зголемена болка, намалени перформанси и поголем ризик од несреќи.

Општоприфатената мудрост е дека на секого му требаат приближно осум часа сон дневно за правилно функционирање. Ова е во согласност со претходните препораки од Американската академија за медицина на спиењето (ААСМ) и Друштвото за истражување на спиењето (СРС) - дека секој возрасен треба да спие 7 или повеќе часа навечер за оптимално здравје.

Сепак, во неодамнешна студија објавена во Зборникот на трудови на Националната академија на науките (ПНАС), истражувачите откриле дека на секого не му е потребна иста количина на сон за да биде здрав. Всушност, оптималното количество на сон за вас може да зависи од вашата култура.

Научниците од Универзитетот во Британска Колумбија (УБЦ) и Универзитетот во Викторија (УВИц) анализирале податоци за спиењето и здравствените исходи за речиси 5.000 луѓе во 20 земји низ Северна Америка, Европа, Азија, Африка и Јужна Амери 6 часа и 18 минути, додека во Канада бил 7 часа и 27 минути, а во Франција 7 часа и 52 минути.


 - И покрај вообичаените совети за осум часа спиење, нашите наоди сугерираат дека препораките за спиење треба да се приспособат врз основа на културните норми. Не постои универзална количина на спиење што функционира за сите - истакнал д-р Стивен Хајн, професор по социјална и културна психологија на „УБЦ“ и коавтор на студијата.


Тие откриле дека луѓето во земјите со помалку сон биле исто толку здрави како и оние во земјите со подолг сон.

Нивните наоди истакнуваат колку е важно да се има предвид културниот контекст при давањето препораки за спиење. Упатствата за јавно здравје во врска со спиењето можат да промовираат подобри здравствени резултати ако се дизајнирани да ги земат предвид културните норми на различните популации.

Извор: psychologytoday.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука