X
 24.10.2016 Наука

Тинејџер нашол решение за бактериите во авионите

Тинејџер открил како бактериите се јавуваат во авионите и што може да се стори за да се постави ограничување на нивното ширење.



Имаето на овој млад човек е Рејмонд Ванг кој има 17 години. Тој објаснил дека создал компјутерски симулации за движењето на бактериите кои се појавуваат во авионите.

Открил дека воздухот кога се испумпува во кабините, зарази се шират од патник до патник заради циркулацијата на воздухот – а не заради количината на филтри.

Се надева дека со неговото откритие – малиот вентилатор кој врши повторна циркулација на воздухот надвор од кабината, може да го реши проблемот.

Тој вели : „Кога киваме, воздухот се врти наоколу неколку пати и пред да излезе од филтерот во авионите. Па си помислив дека тоа е навистина сериозен пробелем. Бидејќи немав пари да купам авион, решив да создадам компјутер. Со компјутерска флуидна динамика, може да се креираат симулации кои ни даваат поголема резолуција.“



Ванг креирал „global inlet director“ за кој добил 75 илјади долари награда на Интел интернационалниот саем за наука и инженерство, во 2015-та година.  

Неговото откритие е едноставно за инсталирање а и ефикасно при намалувањето на бактериите во воздухот во авионите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука