X
 20.02.2026 Здравје

При рутински очен преглед може да се открие срцева болест - ново откритие ја менува медицината

Неодамнешни истражувања покажале дека рутинскиот преглед на очите може да се користи и за рано откривање на срцеви заболувања кај луѓе со дијабетес тип 2. Ова го откриле истражувачи од Универзитетот „Лестер“ и неодамна го објавиле во списанието „Научни извештаи“.

При рутинскиот преглед на очите се откриваат промени во срцето

- Кај луѓето со дијабетес тип 2, високото ниво на шеќер во крвта ги оштетува малите и големите крвни садови во телото, што доведува до дијабетична болест на очите. Рутинскиот преглед, со употреба на дигитална фотографија за барање промени во крвните садови во очите, со години се спроведува кај луѓе со дијабетес тип 2. Истите фотографии можат да помогнат во идентификувањето на луѓето кои исто така може да имаат промени во срцето, или изменета срцева функција - објаснува професорот по кардиологија д-р Гаурав Гулсин од Универзитетот „Лестер“.

- Кога вршиме преглед на очите, ја гледаме мрежницата, ткивото чувствително на светлина во задниот дел на окото. Оштетувањето тука предизвикува крвните садови да отекуваат, да протекуваат или да се затвораат, спречувајќи ја мрежницата да добие доволно кислород, што доведува до проблеми со видот. Сакавме да знаеме дали она што можеме да го видиме со дигитална фотографија на мрежницата, исто така, сигнализира основни структурни и функционални промени во срцето, со цел рано откривање знаци на кардиоваскуларни заболувања - додава д-р Гулсин.


За да го направат ова, 255 пациенти со дијабетес тип 2 биле подложени на серија неинвазивни техники за кардиоваскуларно снимање во болницата „Гленфилд“, за да се испита функцијата на нивните срца. Резултатите биле споредени со дигитална фотографија од мрежницата на секој пациент.

- Откривме дека присуството на дијабетична ретинопатија е директно поврзано со кардиоваскуларни заболувања, на пример, коронарна артериска болест и срцева слабост. Оваа значи дека резултатите од рутинскиот скрининг за дијабетична ретинопатија треба да се користат и како индикација за здравјето на срцето на пациентот, обезбедувајќи можност за рана интервенција - заклучил д-р Гаслин.

Извор: eklinika.telegraf.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје